10:30 - 7 ноември, 2026

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Јелена Спенџарска сподели лична приказна во која откри голем дел од својот карактер. Спортувајќи на кејот на Вардар, водителката и инфлуенсерка откри како ѝ помага трчањето.

​„Знам многу луѓе кои ќе ми кажат дека трчањето едноставно не е за нив, не можат, тешко им е, немаат кондиција, која е поентата итн.. Искрено, мене ми е ЧИСТА МЕДИТАЦИЈА! Ако фаќам од астролошка гледна точка (да, ова е важно), сонце и месечина во Овен сакаат движење, акција и физичка експресија (да ме видите само кога објаснувам нешто, не знам да седам мирна ). Марс во Бик кој многу бавно билда енергија во овој знак, сака движење за да ослободи емоции складирани во телото, кои што пак, се таму (во телото) затоа што Меркур и Венера ми се во Риби“, сподели Јелена и додаде:

„Тоа значи дека лесно ги примам емоциите на другите луѓе (емпатична сум многу) и движењето ми помага да се поврзам со своето тело и да се слушнам што точно ЈАС сакам! Ова ако се разбирате во астрологија, за останатите, поедноставно да појаснам – целата ваша траума е складирана во телото, точка!!! Затоа после какво БИЛО движење, возење велосипед, теретана, трчање, пешачење вие се чувствувате многу подобро, ослободувате стрес, хормони, активирате регулација на нервниот систем, се ослободувате од собраната тензија во вас. Многу пати ми се случило да ми текне сјајна идеја за време на трчање или да ми дојде решение на некој проблем. Ете затоа јас трчам, затоа што ептен си се сакам и си посакувам само убави нешта“, рече водителката.

Со оваа порака, таа ги мотивира своите следбеници да го пронајдат својот начин на движење кој ќе им помогне да се ослободат од секојдневната тензија.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....