21.6 C
Скопје
01:03 - 1 август, 2026

Која е Инес де Рамон, новата љубов на Бред Пит: Фитнес тренерка со француско потекло која сака славни мажи

Дејли Мејл пишува дека парот бил забележан заедно за време на концертот на Боно во Лос Анџелес.

Музичкиот настан се случил околу 20.00 часот (американско време), а покрај двајцата, во веселото друштво биле видени и познатите пријатели на актерот: Синди Крафорд, Ранде Гербер и Шон Пен. На крајот на вечерта Бред си заминал со својата Тесла, додека Инес била придружувана од телохранителот на актерот.

Но која е Инес де Рамон?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Top Celebs (@topcelebs13)

Во февруари 2019 година, сосема неочекувано за фановите на Вампирски дневници, американска натприродна тинејџерска телевизиска серија, се дозна дека Пол Веслие тајно оженет. Избраничката на 36-годишниот Весли беше (тогаш) извесна Инес де Рамон, со која актерот се запознал нешто повеќе од шест месеци пред свадбата.

За новата сопруга на Пол Весли не се знаеше многу – таа внимателно го криеше својот приватен живот од љубопитните очи, но сепак испливаа некои интересни факти за Инес де Рамон.

Инес де Рамон работи како фитнес тренер, а пред тоа работела во индустријата за продажба на накит – била координаторка за малопродажба во GRISOGONO (бренд познат по своите луксузни производи и накит). Има европско образование: во 2013 година, Инес дипломирала на Универзитетот во Женева по бизнис администрација.

На јавноста ѝ стана позната преку поранешниот сопруг Пол Весли. Ниту Инес, ниту Пол никогаш јавно не коментирале за нивната врска, барем не пред да ја потврдат свршувачката, и на крајот, да го искоментираат накратко разводот.

Инес зборува 5 јазици: знае германски, англиски, шпански, француски и италијански. Мајчин јазик на Инес е францускиот.

Со Пол Весли беа во брак само три години. Но, повеќе од очигледно е дека фитнес тренерката си сака славни мажи.

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....