11.8 C
Скопје
21:05 - 28 март, 2024

Која беше Ен Хеч: „Слушам гласови и зборувам со бог“; од травматичното детство до објавување на нејзината бисексуалност

Актерката, позната по улогите во римејкот „Психо“  и сапуницата “Друг свет“, беше симбол на ЛГБТ + заедницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Info Promo San Nicolas (@infopromosn)

Жртва на 5 август на страшна сообраќајна несреќа во која се удри со својот Mini Cooper во куќа во Лос Анџелес, а автомобилот веднаш се запали, како и дел од куќата. Вчера почина американската актерка Ен Хеч (53). „Ен имаше огромно срце, ги допре сите што ќе ги сретнеше со нејзиниот дарежлив дух. Ќе остане запаметена по нејзината храбра искреност и ќе ни недостига нејзината светлина“, вели портпаролот на семејството. Поранешната партнерка на актерката Елен Деџенерис, беше позната по нејзината улога во сапуницата „Друг свет“ , за која доби награда Еми во 1991 година. Оствари бројни улоги кои се паметат, меѓу другите таа беше ѕвезда на филмови „Шест дена и седум ноќи“ со Харисон Форд, „Допирот на ѓаволот“, „Секс и моќ“, римејкот на „Психо“ „Часот на вистината“ и „13 минути“ во 2021 година. „Девојка во соба 13“, најновиот филм, во кој Ен Хеч глуми мајка во потрага по својата исчезната ќерка, ќе се емитува во септември 2022 година.

Хеч беше меѓу првите актерки кои се огласија за својата бисексуалност, откривајќи ја нејзината врска со ТВ водителката и глумица Елен Деџенерис од 1997 до 2000 година. Таа подоцна се пожали дека завршила на црната листа на Холивуд и поради искреноста за изјавата продуцентите и филмските студија ја бојкотираат.

Несреќни беа следните бракови со снимател (од кој се разведе во 2009 година), а потоа и со актерот Џејмс Тапер од кого го доби второто дете Атлас, родено во 2009 година, но од кого се разведе во 2018 година. Следуваше нова врска со актерот Томас Џејн, но и таа заврши, сепак парот останаа блиски пријатели. Џејн се огласи веднаш по страшната несреќа на Хеч.

„Моите мисли и молитви се со Ен, уникатен талент на нејзината генерација. Фала му на Бога, никој друг не беше повреден “, се огласи Томас веднаш по несреќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MummyPages (@mummypages)

Проблеми со алкохолот

Хеч во својата автобиографија „Call me crazy“ објасни дека нејзините проблеми со алкохолот се должат на тешкото детство и трагичен живот.

Татко ѝ ја малтретирал, додека мајка ѝ била строга христијанка, која ѝ забранувала се и сешто. Спротивно на правилата на куќата, Ен во 2011 година објасни „Пиев, пушев, се дрогирав, имав секс со многу луѓе, правев што било зсамо а да го извадам срамот од мојот живот“.

Актерката ја одбележа и трагичната судбина на нејзиното семејство со загубата на нејзиниот татко кога имала само 14 години, нејзината сестра Сузан која почина од тумор на мозокот во 2016 година и нејзиниот брат Нејтан кој удрил со својот автомобил непосредно пред да дипломира на факултет, несреќа која таа отсекогаш ја сметала за самоубиство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraTV (@extratv)


Ен Хеч и Елен Деџенерис, врска од висок профил

Сепак, токму нејзината романтична врска со Елен Деџенерис кон крајот на 1990-тите беше она што навистина ја доведе во центарот на вниманието на јавноста.

„Елен за мене е олицетворение на машкото и женското. Мислам дека затоа нашите енергии се поврзаа толку брзо и лесно, бидејќи отсекогаш во своето битие чувствував дека сум и мажествена и женско”, изјави тогаш актерката за нејзината славна партнерка.

Хеч и Деџенерис важеа за едни од првите лезбејски парови во Холивуд. Тие се разделија по три и пол години врска, што според Хеч имало негативни последици за нејзината кариера.

Во интервју за Page Six во 2021 година, актерката рече дека чувствувала дека била на „црната листа“ откако ја објавила нивната врска во јавноста.

„Не снимав студиски филм 10 години“, се сеќава Хеч, која се забавувала со Деџенерис од 1997 до 2000 година.

Сепак, таа на крајот успеа да се врати и на професионално и на лично ниво.

Таа се појави во бројни телевизиски емисии и се омажи за снимателот Колман Лафон, со кого помина осум години и доби син. Ен, исто така, има уште еден син со нејзиниот колега од „Men In Trees“, Џејмс Тапер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by #IstandbyEllen# (@1997puppy)

Живот со подеми и падови и надеж

Актерката отворено зборуваше за нејзините битки за менталното здравје.

“Иако со години бев на терапија, никогаш никому не сум кажала дека имам друга личност. Никогаш не сум кажал никому дека слушам гласови и дека зборувам со Бог. Никогаш никому не сум кажала за тоа”, објаснил за тоа.

Во нејзините мемоари од 2001 година, „Наречете ме луда“, таа раскажува дека била сексуално злоставувана како дете.

Во 2000 година, таа беше хоспитализирана откако беше пронајдена како тропа на вратата од домот на странец во рурална Калифорнија и се однесува чудно.

„Бев на горчлив крај. Бев подготвена да ја напуштам оваа планета во мојот вселенски брод“, рече тогаш таа.

Сообраќајната несреќа пак, која се случи на 5 август годинава, ја остави во кома со тешки изгореници. Надежта за преживување исчезна, а семејството одлучи по објавената кличничка смрт, да ги исклучи машините и да ги донира органите на глумицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Heche (@anneheche)

Слични објави

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо
Се вчитува....