04:15 - 1 август, 2026

Ким Кардашијан доаѓа во Белград: Ова е нејзината листа на желби од организаторите

Една од најпознатите старлети Ким Кардашијан доаѓа во Србија во средината на јуни!

Како што пренесуваат српските медиуми, најпознатата реалити-ѕвезда во светот со своите деца доаѓа во Белград.

Главна причина за посетата на Белград е отворањето на првата продавница на нејзиниот моден бренд во главниот град на Р Србија, а по тој повод Ким ќе присуствува на голема забава во нејзина чест, која ќе се одржи на ексклузивно место.

– Ким во Белград пристигнува од Германија, поточно од Гелзенкирхен, каде со синовите Сејнта и Псалм ќе присуствува на Европското првенство, поточно на натпреварот што српската репрезентација ќе го одигра во групната фаза против Англија на 16 јуни. Нејзините деца се големи фанови на Премиер лигата и на англиските фудбалери. Целиот нејзин тим ќе биде со Ким, а на белградскиот аеродром ќе слета со нејзиниот приватен авион „Ким џет“ кој го купи пред неколку години за неверојатни 150 милиони долари. Тие ќе престојуваат во претседателскиот апартман на еден од најпознатите хотели во главниот град. Во Белград ќе остане вкупно два дена – вели нашиот соговорник за српски „Новости“:

– Покрај личното обезбедување, Ким на услуга ќе има и дополнително 24-часовно обезбедување, кое ќе ја следи на секој чекор. Таа доаѓа во Белград по повод отворањето на првата продавница на нејзиниот моден бренд во овој дел од Европа во трговски центар. Истата вечер во нејзина чест ќе се организира голема забава на која ќе бидат присутни и некои од нашите познати личности од А-листата – вели изворот, откривајќи што барала Ким од организаторите на нејзината посета.

Старлетата имала посебна желба во однос на знаменитостите кои сакала да ги посети.

– Ким изрази желба за време на престојот да го посети храмот Свети Сава, кој го виде на фотографии и беше воодушевена, како и Калемегдан и делот покрај реката. Таа побарала и од организаторите да ѝ биде достапен и излезот за персоналот кој работи во хотелот, како и во секој момент да има десет различни автомобили како мамки за да ги избегне папараците кои сигурно ќе ја следат деноноќно. Покрај ова, таа очекува во нејзиниот апартман секогаш да има букети свежо цвеќе и да им се носи храна во нивните соби. Ким од Белград оди во Париз на машката и женска недела на висока мода – заклучува соговорникот за „Новости“.

Да потсетиме, ова не е првпат Кардашијан да ја посети Србија. Како што објавија тогаш медиумите, таа тајно ја посетила Србија во 2017 година, кога со екипата на каналот Травел го посетила природниот резерват Увац. Ким, како што објавија српските медиуми, тогаш била воодушевена од прекрасната природа, но и од српските специјалитети.

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....