22:52 - 9 ноември, 2026

Канје Вест исфрлен од зградата на „Скечерс“, „Пелотон“ забрани пуштање на неговите песни…

Раперот Канје Вест се обидува да го врати она што го изгуби. Го напуштија сите главни и големи спонзори, а сега бара нови. Но, изгледа таа потрага тешко дека ќе биде успешна.

Имено, Вест се појавил во седиштето на „Скечерс“ во Лос Анџелес, а тие го избркале по кратко време. Како што велат, Канје дошол ненајавено и ја снимал посетата, иако тоа е забрането, па двајца вработени го испратиле надвор.

-„Скечерс“ не размислува и нема намера да работи со Вест. Ги осудуваме неговите неодамнешни изјави за поделба и не толерираме антисемитизам или каква било друга форма на говор на омраза. Компанијата сака повторно да нагласи дека Вест се појави ненајавено во седиштето на „Скечерс“, пишува во официјалното соопштение.

Во средата Канје го напушти и неговиот главен спонзор „Адидас“, со кого соработуваше на линијата обувки „Yeezy“. По раскинувањето на соработката, Вест загуби значителна сума на пари и официјално веќе не е милијардер. Вредноста на обувките „Yeezy“ вртоглаво порасна и сите побрзаа на интернет да проверат колку пари можат да добијат за некое парче. Така пребарувањата на фразата „продај Yeezy“ скокнаа за 581 отсто.

Заедно со спонзорите од него се откажуваат и разни компании кои ги користеле неговите услуги. Една од нив е „Пелотон“, компанија во чиј фокус е вежбањето. Имено, тие ја забранија музиката на раперот на нивните часови за вежбање.

-Овој проблем го сфаќаме многу сериозно и можеме да потврдиме дека „Пелотон“ на неодредено време паузира со употребата на музиката на Канје Вест на нашата платформа, напишаа тие.

Канје Вест исто така ја загуби својата восочна фигура во музејот Мадам Тисо.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....