23:00 - 9 ноември, 2026

Торта со јаболка

Состојки:

5 јајца

300 грaма кафеав шеќер

1 ванилин шеќер

100 милилитри јогурт

2 лажици масло за јадење

300 грама мелени ореви

150 грама гриз

малку кора од портокал

прстофат сол

половина лажичка цимет

5 помали рендани јаболка

1 прашок за печиво

10 лажици брашно

1 литар вода

800 грама шеќер

Подготовка:

Во подлабок сад одвојте ги белките од жолчките и во белките додајте го шеќерот. Со миксер убаво изматете ги белките, а потоа во посебен сад почнете со матење на жолчките во кои сте ги додале кората од портокал, маслото и јогуртот. Потоа додајте ги оревите, гризот, брашното и прашокот за печиво.

На крај, додајте ги јаболката и полека помешајте го и снегот од белки. Истурете ја смесата во тава за печење, која сте ја обложиле со хартија за печење. Печете ја тортата во претходно загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови околу 40 минути.

На крај, оставете го пандишпанот да се излади. За тоа време подгответе го шербетот.

Истурете го врелиот шербет врз изладениот пандишпан и со тоа тортата е готова.

Слични објави

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Што да јадете за подобра меморија? Овие намирници можат да помогнат во зачувувањето на здравјето на мозокот

К.С.

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.
Се вчитува....