23:19 - 31 јули, 2026

Каде вечерва: На концерт на „WHERESWILDER“ во Котур

Денес, со почеток од 21:30 часот, во „Котур“ ќе се одржи концерт на бендот „WHERESWILDER“. Бендот ја започнува својата европска турнеа со концертот во Скопје. Whereswilder Giannis Rallis – вокали/електрична гитара, Alekos Voulgarakis– електрична гитара, Vasilis Nissopoulos – вокали/бас-гитара и Manolis Giannikios – тапани се рок квартет од Атина, Грција, формиран во 2014 година. Нивниот деби албум „Yearling“ (2014 година), го изгради нивниот музички стил што претставува модерен трипи пристап каде сепак наѕираат класичните психоделични звуци од 60-тите години. Критичарите сметаат дека албумот е еден од првите солидни обиди за неопсиходелична рок музика во Европа, што му овозможи на бендот дебитантно појавување на фестивалот Rockwave во 2015 година заедно со бендот „The Last Shadow Puppets “. Нивниот следен албум „Hotshot“ (2016 г.) е под влијание на поджанрот класичен рок од 70-тите години и е добар саундрак за секое патување.
Нивниот најнов албум „Movement In Place“ го издаде продуцентската куќа United We Fly во 2021 година, а истиот е испириран од неколку популарни музички жанрови од 70-тите години како што се софт рок, соул и фанк. Секоја песна раскажува приказна од секојдневието во која луѓето доживуваат „Movement In Place“ момент. Овој момент може да се доживее само внатрешно: нешто се менува, а сепак сѐ изгледа исто, времето запира, што му озвозможува на секој да разбере нови работи за себеси и да стане помудар.

Настанот ќе започне со музичката селекција на Џано Куч и Џоџо Старделов. Влезот изнесува 200 денари, билетите се ограничени и достапни само во „Котур“.

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....