16.8 C
Скопје
13:35 - 18 октомври, 2026

Каде вечерва: Две изведби на „Спасени“ во МКЦ

Закажани се две изведби на театарската претстава „Спасени“ – денес и утре во Младинскиот културен центар, со почеток од 20:00 часот. Претставата е во режија на Дамјан Костовски, по текст на Томислав Зајец.

„Спасени“ зборува за осаменоста на луѓето во ова сурово и цинично време. Специфичната фрагментарна драматургија на текстот, едноставниот јазик и суптилата духовитост се фундаментот на оваа претстава, а преку брзиот ритам и динамичното темпо како сложувалка се открива приказната на десетте ликови, кои по некоја „случајност“ се наоѓаат заедно на ова патување. Несреќата со возот го менува светогледот на преживеаните патници и нивниот однос кон животот се редефинира и добива една сосема нова смисла.

играат: Владимир Петровиќ, Горан Ников, Мирјана Трпковска, Хари Михајловски, Ања Митиќ, Јоанис Далајоргос, Елена Кузманов, Антонио Ташковски, Васко Костовски, Кире Ацевски

сценографија, костимографија и дизајн на плакат: Милка Черепналковска, Екатерина Николовска, Екатерина Добривојевска

композитор: Бојан Филиповски

извршен продуцент: Батухан Ибрахим

технички соработник: Дамјан Ѓорѓиев

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ или онлајн преку bileti.mkc.mk

 

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....