04:44 - 8 ноември, 2026

Каде вечерва: На концерт на маестро Мухамед Ибрахими во Македонска филхармонија

Вечерва во малата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на маестро Мухамед Ибрахими.

Мухамед Ибрахими е композитор и мултиинструменталист на жичани инструменти од Скопје. Неговиот деби албум „Fly” излезе во јануари 2014.

Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и албанскиот (балканскиот) фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо.

На концертот заедно со Мухамед ќе настапат и Ратко Даутовски, Фјола Исмаили, Џоле Максимовски и Никола Стојмановиќ.

Билетите изнесуваат 700 денари. Истите можат да се набават на билетарница во Македонска филхармонија и онлајн преку bileti.mk

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....