4.8 C
Скопје
07:59 - 20 октомври, 2026

Каде вечерва: На изложба „Пејзаж на вознемиреност“ во МСУ 

Kлиматските промени и еколошки предизвици генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната животна средина, неконтролираните траектории на експлатација на основните ресурси како водата и воздухот, глобалниот раст и несаканите миграции. Овие состојби го подразбираат човековото влијание врз Земјата како енормно, со што започнува нова геолошка ера – антропоценот, научен термин за прв пат употребен од Пол Круцен, кој претставува поинаква траекторија на земјиниот систем.

Македонија, како и земјите од Западен Балкан преставуваат средиште на загадувањето во Европа, пред сѐ поради застарените фабрики за јаглен, автомобилите, неисправните индустрии, како и енергетската сиромаштија на населението. Низа фактори кои во континуитет го загадуваат воздухот, водата, загрозувајќи го севкупниот биодиверзитет на земјата, предизвикувајќи негативни влијанија врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Изложбата се осредоточува на овие состојби именувани како „Пеjзаж на вознемиреност“ во кои уметничките практики придонесуваат кон справување со кризните ситуации како алатки за генерирање еколошки ангажмани, истовремено влијаејќи на други меѓусебно поврзани агенди како што се урбаното планирање, социјалната вклученост и правото на здрава животна средина.

Изложбата „Пејзаж на вознемиреност“ ќе се отвори на 9 март во 20 часот во МСУ – Скопје.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....