15:30 - 8 ноември, 2026

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Милан Мариќ, на публиката попознат како Шваба од култниот филм „Рани“ (Rane), ги освои симпатиите на гледачите уште во 1998 година, кога се појави во остварувањето на режисерот Срѓан Драгојевиќ. Филмот доживеа огромен успех, а Шваба стана еден од омилените ликови кај публиката.

Во филмот тогаш се појавија и големи актерски имиња, но и тројца момчиња без претходно актерско искуство, кои веројатно ни самите не очекувале дека ќе станат миленици на публиката. Милан Мариќ, кој го толкуваше ликот на Шваба, беше еден од тие млади момци што ги освоија срцата на гледачите.

По ангажманот во „Рани“, Милан не продолжи професионално со глумата, иако многумина мислеа дека тоа ќе биде неговиот животен повик. Публиката немаше можност често да го гледа на малите екрани, сè до неговото изненадно појавување во ријалити шоуто „Велики Брат ВИП“.

И таму Шваба ги освои симпатиите и на крајот излезе како победник. Помина 30 дена во куќата на „Големиот брат“, но и по тоа повторно се повлече од јавноста. За време на шоуто главно беше тивок и повлечен.

Неколку години подоцна, според пишувањата во медиумите, се преселил во Русија во потрага по подобар живот, а потоа и во Канада, каде што се оженил и започнал ново поглавје далеку од Србија и јавната сцена.

Пинки – прва и последна улога

Покрај Мариќ, во филмот „Рани“ главната улога ја толкуваше Душан Пеќиќ, попознат како Пинки. Ова беше негова прва и воедно последна улога.

Во филмот влегол сосема случајно, бил забележан од продукцијата некаде во Земун и повикан на аудиција. Бил „обично момче“ кое преку ноќ стекна огромна популарност. Имал желба да запише Академија за глума, но не успеал да ги оствари своите соништа.

Душан почина во 2000 година во Краљево, за време на служење воен рок. Имаше само 19 години.

Причината за смртта долго време беше непозната, а јавноста шпекулираше за различни верзии. Подоцна неговата мајка, Милинка Ташиќ, откри дека според обдукцискиот наод, смртта настапила како последица на гушење поради вдишување желудочна содржина.

„Да го разбудел офицерот кога и другите војници, и денес ќе беше жив“, изјави таа, додавајќи дека Душан живеел брзо, но исполнето, сакал да глуми и бил подготвен да им помогне на сите околу себе.

Филмот „Рани“ и денес важи за едно од највпечатливите остварувања од крајот на 90-тите, а ликовите на Шваба и Пинки остануваат дел од колективната меморија на публиката.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....