05:05 - 10 ноември, 2026

Јелена Карлеуша пак „удри“ по Теа Таировиќ: „Пееше албански песни во срцето на Белград“

Пејачката Јелена Карлеуша неодамна ја нападна Теа Таировиќ поради нејзиниот настап за православната Нова година, организирана на Плоштадот на Републиката. Позната по остриот јазик, Карлеуша не штедеше зборови, а потоа повторно проговори и уште еднаш удри по својата колешка.

ЈК истакна дека Теа не вложила доволно труд на овој концерт, и дека го копирала нејзиниот стајлинг. Но, сега продолжи со прозивката и истакна дека песната „Хајде“ всушност е од албанско потекло, како и дека пејачката со неа извела традиционален албански танц.

Овој пат ја спомена и Селма Бајрами, која неодамна се најде во центарот на скандал кога во јавноста стигна видео на кое таа пее албанска песна на прослава и покажува двоглав орел, за што беше остро осудена од јавноста.

„Кога Теа Таировиќ пред некој ден пееше албански песни, во срцето на Белград, на српската новогодишна ноќ пред Народниот театар, немаше осуда. А и зошто би имало? Музиката обединува и не познава граници. Белград е метропола и е отворена за сите луѓе. Но… Зошто едните се осудуваат, а другите не? Не смееме да бидеме лицемери“, порача Карлеуша преку „стори“ на Инстаграм.

„Гневна, искомплексирана и љубоморна“: Твитерџии немаат милост за Јелена Карлеуша откако ѝ нанесе низок удар на колешката

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....