04:51 - 10 ноември, 2026

(Фото) Перо Антиќ повторно заљубен: Со новата девојка на вечерно возење во пижами

Веќе подолг период се шпекулираше која е новата девојка на нашиот поранешен кошаркар Перо Антиќ. Се проширија секакви гласини кои тој мораше ги демантира преку медиумите.

Иако ретко сака да зборува за приватниот живот, Антиќ откри дека е во врска со Сања Ристиќ, инфлуенсерка која работи како и како менаџер во семејна компанија, а ја паметиме и по детскиот хит „Ех, тој Тоше“.

Имено, Сања на својот инстаграм-профил објави заедничка фотографија на која двајцата носат новогодишни, црвени пижами со мече и зимски капи.

„Ноќно возење во пижами“, пишува на  фотографијата што ја објави Сања, а сподели Антиќ.

Антиќ, во исто време сподели црно-бела фотографија од заљубен пар со порака „Голем луксуз е денес да имаш некој кој сака сè со тебе“ и емотикон срце. Оваа фотка ја сподели и Сања на својот инстаграм-профил.

Инаку, Перо Антиќ зад себе го има бракот со Ружица, со која има три сина, а потоа беше во врска со познатата манекенка Катарина Ивановска. Сања Ристиќ беше во брак со ракометарот Дејан Пецаковски со кого има два сина.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....