13.8 C
Скопје
20:47 - 3 мај, 2024

Брена и Боба продаваат новоизградена вила во Мајами за 17 милиони долари

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ во 2010 година купиле еднокатна куќа во државата Флорида, Мајами, веднаш на брегот на морето, каде што редовно престојувале секогаш кога биле во Америка.

Во меѓувреме извршиле целосна реконструкција на таа зграда, која завршила во 2023 година, па скромната куќа станала катна вила и тие сега ја продаваат,објавила хрватската истражувачка мрежа „Империјал“, пренесува српски „Курир“.

Според нивните изјави, поткрепени со документација, станот е заведен на Слободан Живојиновиќ. Таму квадрат се движи од 25.000 до 55.000 евра, но има и луксузно уредени квадрати кои се продаваат по цена од 110.000 евра. Во тој контекст, вилата во Мајами била скромна по стандардот на кој биле навикнати Живојиновиќи. Но, сега нивниот недвижен имот во Флорида е повеќе од репрезентативен. Прашање е само дали воопшто планирале да го задржат во своја сопственост или темелно и луксузно го преуредиле за да можат да го понудат на пазарот по цена од 16.900.000 долари. Во огласот стои дека се продава вила со шест соби и шест бањи.

– Сосема нова модерна вила на брегот со неверојатен поглед на отворен залив со приближно 6.000 квадратни метри простор за живеење, вклучувајќи шест кревети, шест и пол бањи. Прекрасни италијански завршетоци, голема главна бања и гардероба, професионална кујна со врвни апарати. Потоа отворена дневна соба, лифт до покривот со спектакуларен поглед, базен, џакузи, летна кујна, уредени тревници – стои во огласот. Годишниот данок е 30.837 долари. Исто така, се наведува дека имотот има гаража, паркинг места, базен и дека се наоѓа во заливот. Очигледно се работи за целосно нова зграда која никна на местото на претходната еднокатна куќа, бидејќи пишува дека е изградена во 2023 година.

Просечното месечно одржување изнесува недостижни и незамисливи 83.629 долари за повеќето луѓе. Само месечниот данок е 2.570 долари. Палатата повеќе не се води само на Боба и Брена туку и на нивните синови Филип, Виктор и Стефан. Од документите се гледа дека пејачката и поранешниот тенисер поседуваат по 45 отсто од акциите, односно 90 отсто заедно, а нивните синови, како што пишува во договорот, имаат по три отсто. Но, сите тие се оптоварени со долг од два милиони долари, кој е регистриран на CCHC фондот IV LP со седиште во американскиот даночен рај, државата Делавер. На крајот на октомври 2019 година, Боба и Брена заеднички ја основаа „SBZ property holdings LLC“ со седиште во Мајами. Тие ја префрлиле вилата на компанијата, па сега сите петорица се косопственици.

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....