21.8 C
Скопје
19:01 - 29 септември, 2026

Ја призна вината, требал „подобро да просудува“: Каква казна го чека Џастин Тимберлејк

Американскиот пејач Џастин Тимберлејк денеска се изјасни за виновен по обвинението дека возел во алкохолизирана состојба во судот во Сег Харбау, Лонг Ајленд, откако беше уапсен во јуни во Хемптонс.

Судијата го осуди Тимберлејк на парична казна од 500 долари со доплата од 260 долари, 25 часа општокорисна работа во непрофитна организација по негов избор и му нареди да издаде соопштение за јавна безбедност, пренесува АП.

Тој првично се изјасни за невин по прекршочната пријава дека возел во алкохолизирана состојба, а потоа му беше суспендирана возачката дозвола за време на рочиштето минатиот месец.

Потсетуваме дека Тимберлејк беше уапсен во Саг Харбор, Њујорк на 18 јуни, нешто по полноќ, откако полицијата соопшти дека во центар на село „прелетал“ на знакот стоп и скршнал од својата лента и дека полицајците почувствувале мирис на алкохол од пејачот кога излегол од своето БМВ.

Полицијата во судскиот процес наведе и дека очите на пејачот биле „крвави и стаклени“, дека забавено говорел, дека бил нестабилен на нозе и дека имал лоши резултати на сите тестови за трезвеност.

Тимберлејк рече дека е „благодарен на приликата да тргне напред“ и дека ќе ја користи својата платформа за да им помогне на другите да носат подобри одлуки.

„Требаше подобро да просудувам. Ја разбирам сериозноста на ова“ рече Џастин.

Слични објави

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.
Се вчитува....