6.8 C
Скопје
09:00 - 20 февруари, 2026

(ФОТО) ИЗДРЖАА САМО ГОДИНА И ПОЛ ВО БРАК: Шон Пен е повторно слободен, а 35 години помладата поранешна сопруга го извади прстенот!

Поранешната сопруга на американскиот актер Шон Пен, Лејла Џорџ, беше снимена во Бонди два месеци откако поднесе барање за развод, и тоа во интересно издание.

29-годишната австралиска актерка шеташе низ предградието на Сиднеј покрај плажата, покажувајќи го своето витко тело во бел спортски градник и  велосипедски шорцеви. Таа го криеше погледот зад очилата за сонце и не обрнуваше премногу внимание на папараците кои ја следеа, а она што веднаш се забележа е дека на раката веќе нема веренички и венчален прстен кои постојано ги носеше цело време додека беше во брак со 61-годишниот Шон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @skybluepeaches


Поранешниот пар се запозна на снимањето на филмот „Последното лице“ во 2015 година, а во врска беа пет години пред да се венчаат на приватна церемонија во нивната семејна куќа во јули минатата година. Сепак, се чини дека на љубовта и дојде крајот бидејќи Лејла поднесе барање за развод само 15 месеци подоцна.


Точните причини за раскинувањето не се познати, но се шират гласини дека нивната врска имала подеми и падови уште пред да падне запросувањето, а пренатрупаниот распоред на Шон и бројните деловни обврски наводно биле голем проблем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GEORGE (@leilageorge)


Лејла, инаку, е само неколку месеци помлада од 30-годишната ќерка на Шон Дилан Пен и две години постара од неговиот 27-годишен син Хопер Пен.|

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reggie Keyohara III (@rkeyoharaiii)


Ова е трет пропаднат брак на Шон откако во 2010 година се разведе од актерката Робин Рајт со која помина 14 години, а во 1989 година се разведе од поп – кралицата Мадона.

Слични објави

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.
Се вчитува....