15.8 C
Скопје
13:28 - 23 октомври, 2026

ИЗНЕНАДУВАЊА ЗА 29.РОДЕНДЕН: Ла Дама отвора онлајн продавница

Македонскиот бренд за хулахопки Ла Дама денеска прославува 29 години од постоење и по тој повод подготви изненадувања за потрошувачите на нивната ново отворена онлајн продавница ladama.mk.

– Во изминатите 29 години постоење, како македонски бренд, ги следиме потребите на нашите големи и мали Ла Дами, токму за нив континуирано креираме квалитетни и удобни производи. Голема благодарност до ФИТР кои ни дадоа поддршка за отворањето на нашата онлаjн продавница www.ladama.mk. Сега сме поблиску до сите наши Ла Дами од кога и да е, и на првите 100 дами им нудиме можност да ги купат нашите производи со роденденски попуст од 29%, велат од Ла Дама.

Од Ла Дама се присетуваат дека нивната приказната започнала во 1992 година, во семеен дом во Струмица, каде главната улогата ја имал еден брачен пар со претприемачки дух.

– Зборот храброст ќе го разберат само малкумина, оние кои имале свој приватен бизнис во почетокот на 90-тите, додека зборот интуиција ќе го разберат оние кои ги води страста кон успехот. Денеска горди сме на фактот што токму ние, на 17ти декември 1992, ги имаме исплетено првите македонските хулахопки – свилените хулахопки ЕМА. Од тогаш наваму, воведовме многу новини во бизнисот и следиме модни трендови,  најважно од се е тоа што сме бренд инспириран од жени, создаден од жена за жени. Бескрајна благодарност до сите кои веруваат во Ла Дама, додаваат од Ла Дама.

Слични објави

Ракот на дојка не започнува секогаш со грутка — ова се промените што не треба да ги игнорирате

К.С.

„Нема да поверувате колкава е разликата во години меѓу Брена и Боба“ — овој детал речиси никој не го забележал низ годините

E.A.

„Кажува добри работи за нејзини години“: Коки Јанков откри колку му значи мислењето на ќерката

Еспресо

Како да го подобрите метаболизмот за три дена? Искористете го продолжениот викенд за поздрави навики

К.С.

Хороскоп за 23 октомври: Бикови, поради една ситница ќе се чувствувате многу среќно

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо
Се вчитува....