24.8 C
Скопје
13:30 - 29 април, 2024

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Празници се ближат! Пробајте ги овие превкусни цимет ролнички

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Најдобриот рецепт за тирамису кој навистина ќе ве расположи!

Денес Теа ни подготвни цимет ролнички.

Потребни состојки:

За тесто:

▪ 400 гр. брашно
▪ 200 мл. млеко
▪️ 1 јајце
▪ 1 лажичка сув квасец
▪️ 60 гр. путер на собна температура
▪ 1 лажичка сол
▪ 2 лажички шеќер

За фил:

▪ 60 гр. путер на собна температура
▪️ 50 гр. наполитанки
▪ 60 гр. кафеав шеќер
▪ 2 лажички цимет

За ројал ајсинг (глазура):

▪ 2 чаши шеќер во прав (200 мл чаша)
▪ 2 лажици путер стопен
▪ 4 лажици млеко
▪ 2 лажици ванила

Подготовка:

– Во подлабок сад измешајте ги брашното и солта. Во млако млеко измешајте ги шеќерот и квасецот и оставете го да се активира. По 10 мин додадете го стасаниот квасец во брашното, додадете ги и јајцето и путерот и оформете тесто. Тестото покријте го со крпа и оставете го да стасува 30 минути. По 30 минути размесете го тестото и оставете го да стасува уште 15 мин.
– Во меѓувреме подгответе го филот – во тањирче имешајте ги путерот, кафеавиот шеќер и циметот. Од стасаното тесто расукајте правоаголна кора, со дебелина колку еден прст. Премачкајте ја кората со филот и завиткајте ја како ролат. Со нож исечете го ролатот на парчиња дебели колку два прста и наредете ги во тавче за печење. Покријте ги со крпа и оставете ги 20 мин да стасуваат пред да ги ставите да се печат. Печете ги на 250 степени 10 мин и уште 10 мин на 200 степени.
– На крај подгответе ја глазурата- измешајте ги шеќерот во прав, стопениот путер, млекото и ванилата, посипете ги цимет ролничките со глазурата и уживајте во прекрасниот вкус и мирис.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Традиционален италијански колач со лимон кој е прослава на цитрусното овошје!

Слични објави

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо
Се вчитува....