10.8 C
Скопје
00:23 - 23 април, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Најдобриот рецепт за тирамису кој навистина ќе ве расположи!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Магичен солен ролат во форма на елка

Теа денес ни подготви  тирамису.

Тирамису потекнува од регионот Венето, но исто така е популарен и во цела Италија. Неговото име во превод значи „подигни ме нагоре”, односно расположи ме.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка арома ванила
  • 2 лажици виски
  • 500 гр. маскарпоне
  • 2 кутии пишкоти
  • 250 мл. млеко
  • 2 лажички инстант еспресо или нес кафе
  • какао

Начин на подготовка:

Одвојте ги жолчките од белките. Во жолчките додадете 4 лажици шеќер и со миксер матете ги на пареа додека да добиете густ крем. Оставете кремот да се излади и потоа додадете маскарпоне, ванила и виски и убаво измешајте. Во белките додадете 4 лажици шеќер и изматете цврст снег. Изматените белки постепено додавајте ги во кремот од жолчки, лесно мешајќи со шпатула, за да добиете убав пенаст крем. Во чинија на страна измешајте ги кафето и млекото. Пишкотите една по една потопувајте ги во кафето, наредете ги во тавче и врз нив ставете од кремот. Поделете ги пишкотите и кремот на три дела за да може да наредите три реда. На последниот ред врз кремот наросете какао и оставете го колачот убаво да се излади во ладилник пред да го послужите.

На здравје и уживајте.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Традиционален италијански колач со лимон кој е прослава на цитрусното овошје!

Слични објави

Николина Пишек за судењето што трае веќе 5 години: „Мојата постара ќерка ми замерува за ова…“

Еспресо

„Ќе ја видите во…“: Познато е кога Зорица Брунцлик се враќа на сцената, Карлеуша ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Маја Шупут повторно ги спакува куферите и едно е јасно – ништо без Шиме, дури ни на новата дестинација

Еспресо

„На родителите морав да им објаснувам…“ Џејла Рамовиќ за бременоста, една снимка направила хаос

Еспресо

Северина петпати била свршена, а вака зборуваше за бракот – „Уште не се родил тој…“

Е.А.

„Наташа Беквалац најмногу ме нервираше“ – Пејачката без влакна на јазикот проговори за колешката

Е.А.
Се вчитува....