34.6 C
Скопје
16:29 - 3 август, 2026

(ФОТО СТОРИЈА) СО ЉУБОВ РАСТЕ ЖИВОТ: Марија ни ги отвора вратите на дворот во кој постојано нешто цвета

Денешниот разговор се одвива со Марија Петреска која од месецот јули е пензионерка. Таа е мајка, свекрва и баба на 5 внучиња. за себе вели дека покрај љубовта за семејството и внучињата, голема љубов ѝ се и цвеќињата.

Дворот се наоѓа во Драчево и има околу 400 квадрати за цвеќе и тревници. Тука е и базенот монтажен во кој внучињата уживаат цело лето. За уредувањето на дворот заслугата е заедничка со сопругот, и тој е пензионер, и се договараме и надополнуваме со идеите и обврските – ни вели Марија. 

Марија ни раскажува за раскошот на дворот и животот во него.

Во дворот има многу цвеќиња, сезонски и повеќегодишни. За многу од цвеќињата сами си произведуваме расад како за љубичиците и летните цвеќиња. Некои ги размножуваме со гранчиња, компирчиња, а исто така многу се разменуваме и со пријателките.

– Љубителка сум на кактуси сукуленти, собни зелени цвеќиња и многу цветни. Сите ги сакам и на сите им се радувам! Преку цело лето е шарено во дворот. Сè нешто цвета. Од есен до месецот мај цветаат љубичиците, а преку летото сезонските. Најмногу ме радуваат бугенвилијата, бегониите, индиските јорговани, клематисите, сарделите на Есен, хризантемите или есенски цвеќиња – продолжува таа. 

За да биде убаво има многу работа, но тоа нè релаксира не нè заморува.

Сега со пандемијата тоа ни доаѓа како издувен вентил.

Зимата е вистински предизвик во нивниот дом.

– За преку зимата имаме проблем затоа што се многубројни цвеќињата. Можеби има повеќе од 250 саксии, па сместуваме нешто во домот, нешто по подруми. Сопругот е тој што се грижи најмногу за преку зимата. Еве, сега работи на новогодишно украсување на дворот.

– Сега живееме во време на изолација заради пандемијата. Интернетот ни е добра комуникација. Членка сум на групата … ДВОРЧЕТО … каде со многу цветни пријателки споделуваме идеи, совети и цвеќиња.

За сите оние кои го сакаат цвеќето мој совет да си го одгледуваат затоа што убавината со кое враќа ја полни душата и ве прави среќни, е градинарскиот совет на Марија.

(ФОТО СТОРИЈА) ВРЕДНИТЕ РАЦЕ НА НИКОЛИНКА: И за дворот се грижат од душа и украсни црквички изработуваат

Марија е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

МАГИЈА ВО ДВОРОТ И ДОМОТ НА ВИКТОРИЈА: Сакам сè да блеска и да биде волшебно!

 

Слични објави

(Видео) „Ма, каков авокадо тост“: Дуа Липа си јадеше плескавица во Приштина

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ блеска во бикини од Италија, по роденденот на Швајнштајгер: „Слаткото безделничење“

Еспресо

Пудингот од бајат леб е стар англиски десерт што повторно освојува: со боровинки и бело чоколадо станува неодолив летен десерт

Т.Ц.

Водителката Сузана Манчиќ стана баба — ќерката Теодора роди син и му даде старо српско име

Еспресо

Зошто најмногу мозочни удари се случуваат наутро?

Еспресо

(Фото) Таткото на бебето ги посетил, но Едита сама ја одгледува ќерката – пејачката ги покажа првите денови дома

Еспресо
Се вчитува....