Иван Маринковиќ се огласи откако неговата ќерка Лена со краток коментар на социјалните мрежи навести дека наскоро би можела да го смени презимето и да го земе презимето на својата мајка, пејачката Гоца Тржан.
Лена, која Иван ја доби во бракот со Гоца Тржан, го привлече вниманието на јавноста со одговорот на коментар под видео со нејзината мајка. Една корисничка ја прашала: „Зарем Лена не е Тржан?“, на што таа кратко одговорила: „Ќе биде наскоро“.
Нејзиниот одговор веднаш предизвика бројни реакции и отвори прашања за причините поради кои Лена размислува да го промени презимето.
По ова, се огласи и Иван Маринковиќ, кој реагираше остро и изнесе низа тешки обвинувања на сметка на својата поранешна сопруга.
„Тоа е нејзин срам и срам на нејзината луда мајка, која систематски ја уништуваше сликата за таткото во животот на Лена, за да му угоди на својот тогаш млад партнер“, изјавил Иван.
Тој потоа продолжил со уште посериозни обвинувања кон Гоца Тржан.
„Таа болна жена многу сакаше дете со младиот тапанар, но со оглед на тоа што одамна се знаеше дека тоа е невозможно, се работеше на тоа Лена да помисли дека Рашица ѝ е татко. Можеше сега да го земе и неговото презиме, а не презимето на мајка ѝ. За жал, биологијата е јасна наука, не можеш ништо против тоа, но добро, животот продолжува. И понатаму го очекувам нивното огласување и големата поддршка од народот за овој нивен потег. Тоа е толку нормално, нели?!“ заклучил Маринковиќ.
Инаку, Иван и претходно јавно зборуваше за односот со Лена и за проблемите што, како што тврди, ги има со неа со години.
Во разговор со Станија Добројевиќ во реалното шоу „Елита 9“, тој откри детали за ситуацијата и за тоа зошто не ја гледа својата ќерка.
„Сè што можев, кога бев најдобар татко на светот, навистина бев најдобар татко, за тоа сведочат сите наслови во весниците… Дали знаеш со кого го имам моето второ дете?! Можеш ли да поврзеш некои работи?“, прашал Иван, а потоа продолжил:
„Дали јас сум виновен за тоа?! Дали тоа значи дека треба да бидам забранет како татко и тоа да ѝ се зборува на мојата ќерка?! Моето дете беше инструирано од тој момент дека тоа е срам и катастрофа и оттогаш имам проблеми што траат со години. Дали сум јас виновен за нешто?! Дали сум убил некого, дали сум претепал некого, дали сум им зел пари на луѓето, дали сум украл нешто од некого?!“, рекол Иван Маринковиќ.
