18.8 C
Скопје
21:34 - 11 мај, 2026

Иван Босиљчиќ „од прва“ одговори: Ѝ го „простува неверството“ на партнерката

Иван Босиљчиќ е во центарот на медиумското внимание поради филмот „Јорговани“ во кој публиката повторно го гледа со Слобода Миќаловиќ. Додека даваше интервју за филмот, актерот неочекувано доби приватно прашање, на кое како да имаше веќе подготвен одговор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JORGOVANI (@jorgovani.film)

Во споменатиот филм, омилената актерска двојка ги воодушеви сите со сцената во која заедно го пеат познатиот хит на Весна Змијанац, а Иван откри како дошло до тоа, како и со кого друг би сакал да биде во ист кадар.

„Слобода може да биде заменета единствено со Моника Белучи“, рече Иван гостувајќи на Радио С.

Сеќавајќи се на филмот „Млечниот пат“ на Емир Кустурица, Иван изјави:

„Евенуално би се потпрел на вкусот на Емир Кустурица, би го потврдил кастингот со Моника Белучи. Мислам дека ќе има место и за двете. Ако тој успеал и двете да ги смест во кадар во филмот, тогаш би се согласил и јас на истото“, на шега искоментира Иван, пренесува нова.рс.

Тој и Боба покажаа впечатлива „хемија“ во многу продукции досега, а за „Јорговани“, Босиљчиќ вели:

„Таа сцена е специфична по тоа што, наместо да се разрешува овој филм како и секој друг филм во една добра драматична сцена, режисерот сметаше дека целата кулминација на филмот треба да биде преку оваа песна, која е општо позната, нема кој не ја знае… , што е карактеристика на едно време, за стара Југославија…Јас и Боба требаше добро да размислиме како ќе ја изведеме таа кавга и се што се случуваше во филмот преку овие стихови и оваа мелодија. Го превидивме тоа во тој момент, сите што се појавија во филмот и сите статисти кои беа околу, дека сите ќе бидеме во една просторија“, рече тој за порталот„Лепа и Среќна“.

 

 

Слични објави

Љубовната приказна на Катрин Денев е една од најбурните во 20 век: „Љубовта… Понекогаш изгледа само како болка“

Т.Ц.

(Фото) Се огласи синот на Ѓорѓе Балашевиќ на денот на неговиот роденден: „Ја одбележуваме вечноста“

Еспресо

„Некој го користи мојот лик и име“: Ана Бекута жртва на интернет измама, пејачката итно се огласи

Еспресо

(Фото) Дара Бубамара го покажа новиот дечко, но сите го гледаа неговиот бесен автомобил

Еспресо

„Слушај ме ваму, гледај ме во очи“ – Сузана Манчиќ му одржала лекција на зетот генерал

Е.А.

Накит со потпис на Jewelry Palace SJ – уникатни дизајнерски парчиња што зборуваат без зборови

Еспресо
Се вчитува....