22:05 - 7 септември, 2026

Италијанското село Кастропињано ги продава куќите за едно евро

Ако отсекогаш баравте причина да се преселите во Италија и да живеете во мир, во едно средновековно италијанско село сместено на врвот на ридот, куќите се продаваат за едно евро.

Instagram

Живописното село се вика Кастропињано и се наоѓа на југот на Италија, во регионот Молизе во близина на Јадранското Море. Цените се неверојатно ниски, а може да ги најдете и оние од едно евро. Идејата е повторно да се населат руралните области што со години, па дури и со децении, се борат со депопулација.

Идејата не е да се организираат аукции, туку да се спојат сопствениците со домот кој е идеален за нив и во согласност со нивните потреби и желби.

Ги поканувам сите што сакаат да купат нова куќа, да ми испратат електронска пошта и да наведат детален план за тоа што сакаат да направат со куќата. Дали сакаат тоа да им стане дом, да го претворат во продавница или нешто друго. Исто така, нека наведат дали имаат некои посебни потреби, како што е премин за луѓето во инвалидска количка. Селото е мало и автомобилите не можат лесно да минуваат низ тесните улички – рекол градоначалникот Никола Скапилати за Си-ен-ен, додавајќи дека тоа е мирно село со само еден ресторан, кафуле, аптека и неколку платени сместувачки капацитети. Селото има повеќе од 100 напуштени куќи и Скапилати е фокусиран на долгорочен развој и раст:

Не сакам инвазија на купувачи. Ние нудиме само мир, тишина, чиста природа, свеж воздух, одличен поглед и фантастична храна. Идеално за одмор од дневниот стрес – додал тој.

Instagram

Селото има околу 900 жители (имало повеќе од 2.500 во текот на триесеттите години на минатиот век), а 60 отсто од нив се постари од 70 години. Повеќето семејства се преселиле во поголемите градови по Втората светска војна.

Instagram

Што се однесува до самата цена, може да платите само едно евро за куќата, но има депозит од 2.000 евра, што ве обврзува на целосно реновирање во рок од три години. Депозитот ќе ви биде вратен откако ќе го реновирате имотот, а Скапилати проценува дека просечното реновирање би било околу 30.000 или 40.000 евра поради големата штета што е присутна на повеќето згради.

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....