10:07 - 8 ноември, 2026

Ирина Шајк и Бредли Купер ги потврдија гласините дека се заедно

Бредли Купер и Ирина Шајк потврдија дека нивната романса повторно се разгорела кога новинарите ги фатија на романтично излегување во Њујорк. Ѕвездите не се криеја и ги покажаа своите чувства пред камера. Веста ја објави Дејли меил. 

Парот уште во август летуваше заедно на Бахамите, а во октомври постојано влегуваа во објективите на папараците додека шетаа со ќерката. Потоа, се погласни стануваа гласините дека двајцата се повторно заедно.

Врската помеѓу Ирина Шајк и Бредли Купер стана позната пролетта 2015 година. Две години по почетокот на романсара, на 21 март 2017 година, супермоделот и актерот добија ќерка, на која и го дадоа името Леа. Двојката се вери и, судејќи според инсајдерски извештаи, требаше да се венчаат, но раскинаа пролетта 2019 година. По раскинувањето, Ирина Шајк наводно имала врска со Канје Вест, а на Бредли Купер му беше залепена етикета дека има афера со колешката од хит филмот  A Star Is Born, Лејди Гага.

Слични објави

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо
Се вчитува....