22.8 C
Скопје
18:00 - 27 април, 2024

Хороскоп за зима 2022/23: За Близнаците – пари, за Стрелецот – промени, за Вагата – сакани луѓе од минатото!

Лавовите ќе мора да искусат проблеми во личниот живот, Вагите ќе ги обноват врските со луѓе од минатото, а Јарците ќе откријат некое ново хоби. Прочитајте што ви подготвуваат ѕвездите за оваа зима!

Овен
Овенот ќе мора да работи напорно за да постигне видлив успех. Декември ќе биде полн со настани, но мора да најдете и малку време за одмор и за семејството, инаку ќе ви замерат. Во декември претставниците на овој хороскопски знак можат да се сретнат со своите роднини или пријатели кои долго време не ги виделе. Не е период за големи планови, затоа дружете се, но не очекувајте многу.

Бик
За Биковите зимата 2022-2023 година ветува големи финансиски загуби. Тоа може да биде непромислено купување или инвестиции во ризични проекти. Астролозите ги предупредуваат Биковите за тешки времиња, па затоа советуваат однапред да направат детални планови за буџетот пред сосема да „бакротираат“. За среќа, на љубовен план ќе им иде добро, па ќе имаат личност која ќе ги бодри.

Близнаци
Близнаците можат радикално да го променат движењето на нивните настани.  Ако тоа се случи, тие ќе заработат повеќе и ќе ја почувствуваат нивната важност. Исто така, претставниците на овој хороскопски знак ќе можат да го подигнат својот животен стандард и да си дозволат многу повеќе отколку што можеле досега. И на љубовен план добро ќе им оди, а осамените може да запознаат посебна личност во втората половина на зимата.

Рак
Раковите треба да очекаат романтични авантури во зима. Тоа може да бидат нови познанства, запознавање на посебни личности, патување итн. Нема воопшто да ви биде досадно. Сепак, не очекувајте сеиозни врски ниту сериозни пријателства. Време е за забава! На финансиски план – повеќе трошоци од вообичаено особено во празничниот период.

Лав
За Лавовите, оваа зима, со акцент на јануари 2023 година, ќе донесе солзи поврзани со проблеми во нивниот личен живот. Тоа може да биде разделба или силни кавги со другата половина. Астролозите велат дека Лавовите ќе мора да донесат тешка одлука која суштински ќе им го промени животот. И на работен план ги очекуваат промени, за среќа на добро. Можеби конечно ќе ја добиете позицијата за која мечтаете.

Девица
Оваа зима Девицата многу ќе се движи. Тоа може да биде преселба во нов стан или куќа или дури промена на градот, па и за земјата. Ѕвездите сугерираат дека тоа ќе биде тежок тест за Девиците, бидејќи тие не се психички подготвени за тоа. Но промената ќе биде за ваше добро, затоа прифатете ја!

Вага
Зимата 2022-2023 ќе им овозможи на Вагите средби со луѓе од минатото. Најверојатно, тоа ќе бидат луѓе кои ​​не сте ги видела долго време, а се уште ги сакате. Оттука и невидената радост од повторните зближувања! Астролозите ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да внимаваат на алармните ѕвона од своето тело, за во случај на болест брзо да се излекуваат.

Шкорпија
Скорпиите ќе ја дочекаат Новата година или далеку од својот дом, што ќе им предизвика вистинска депресија, или без саканата личност. Ситуацијата ќе се искомплицира и поради тоа што ќе им се случуваат во меѓувреме и непријатни ситуации на работното место. Се на се, зимата не е некој период за фалење, подобро да се ориентирате на спорт, скијање, пешачење, медитации..

Стрелец
За Стрелците зимата ќе донесе нови познанства и интересни пресврти на судбината. Би можело да се случи нешто што претставниците на овојхХороскопски знак не можеле ни да сонуваат. Најверојатно, сите промени ќе бидат поврзани со личниот развој и кариера.

Јарец
Јарците ќе откријат нови вештини и евентуално ќе ја сменат својата професија. Од јануари тие ќе одлучат да излезат од својата комфорна зона: да почнат да спортуваат, да дадат отказ од работа што не ја сакаат или да ја прекинат токсичната врска. Експертите велат дека сите промени ќе им користат!

Водолија
Водолијата ја очекуваат проблеми со саканите. Тоа може да се конфликти или вистинско непријателство што ќе добие замав. Кавгите можат да бидат на политичка основа или поради недоразбирања меѓу генерациите. Астролозите советуваат да се побара помош од психолози за да не се влоши ситуацијата. На финансиски план пак, стабилно!

Риби
Рибите не треба да чекаат посебни промени. Сè ќе биде стабилно на личен и на кариерен план. Сепак, претставниците на овој знак ќе бидат крајно немирни поради постојаната желба да променат нешто. Астролозите велат дека оваа зима Рибите ќе се одлучат за промена на изгледот. Тоа може да биде промена на имиџот, нова фризура, тетоважа итн. На финансиски план ги очекуваат ненадејни пари.

Дополнителни приходи: Три хороскопски знаци брзо ќе се „опарат“ оваа недела

Слични објави

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо
Се вчитува....