10:27 - 7 ноември, 2026

Хејли Бибер: Имам циста на јајниците со големина на јаболко

Манекенката и претприемач го откри тоа со приказна на Инстаграм во која го покажува својот стомак, објаснувајќи сепак дека не боледува од ендометриоза или синдром на полицистични јајници.

На почетокот на 2022 година тaa мораше да се соочи со мини-мозочен удар, а потоа и операција на срцето. Моделката и претприемачка – основач на брендот за нега на кожа Род – Хејли Бибер се бори со нови здравствени проблеми.

Ништо сериозно, за среќа, бидејќи како што самата Хејли објасни со „приказна“ на Инстаграм, не боледува од ендометриоза или синдром на полицистични јајници. Туку, се работи за циста на јајниците, проблем кој очигледно не е нов, бидејќи како што и самата истакнува дека го имала и дека „воопшто не е забавно“.

Хејли, која на 22 ноември го прослави својот 26-ти роденден во Јапонија со својот сопруг Џастин Бибер, напиша над фотографијата – каде што ја подигнала маицата за да го покаже својот стомак – дека „нема бебе“, уште еднаш негирајќи ги упорните гласини за бременост кои ја следат откако таа и Џастин се венчаа во 2018 година. Иако не даде дополнителни информации за нејзината циста, таа рече дека ја боли и дека „се чувствува мачнина, надуеност, грчеви“. „Во секој случај… Сигурна сум дека многумина од вас можат добро да разберат“, додаде таа: „Ги имаме…“.

 

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....