21:31 - 7 ноември, 2026

Хејли Бибер и Селена Гомез покажаа дека ги надминале младешките тензии и зрело продолжуваат да го градат пријателството: „Пресврт на заплетот“

Кога ќе се спојат поранешната и сегашната љубов, малку кој би останал рамнодушен. Токму тоа се случи во Лос Анџелес кога Хејли Бибер и Селена Гомез се сретнаа и ги изненадија фановите со заедничка фотографија.

Пејачката и актерка Селена Гомез и манекенката Хејли Бибер и официјално ставија крај на долгогодишното непријателство. Селена, која со години му беше девојка на Џастин Бибер, и неговата сегашна сопруга Хејли позираа заедно на Галата на музејот на Академијата во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ty (@tyrellhampton)

Познатиот фотограф Тајрел Хемптон на својот официјален инстаграм-профил објави фотографија на која Селена и Хејли прегрнати, со насмевки на лицата, позираат заедно. Единствениот што недостасува е оној кој всушност ги поврзува – Џастин Бибер.

„Пресврт на заплетот“, напиша фотографот во описот на објавата, која предизвика лавина од реакции и коментари. Фотографијата, која ја „лајкна“ и Хејли Бибер со молскавична брзина се рашири низ социјалните мрежи и таблоидите, а многумина веќе го нарекуваат овој настан „шоубиз вест на годината“.

Неодамна Хејли навести дека таа и Селена ги надминале младешките тензии и зрело продолжуваат да го градат пријателството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez Fans ✨ (@selsfav)

„Многу омразата доаѓа од погрешната перцепција, „Ох, го украде“. Тоа е затоа што сте сакале да завршеше со некоја друг и тоа е во ред. Можете тоа да го посакувате колку сакате, но едноставно не е така“. порача неодамна Хејли, осврнувајќи се на негативните коментари за нејзината врска со Бибер.

Врската на Џастин Бибер и Селена Гомез беше тинејџерска романса, а во периодот од 2011 до 2014 година тие беа во турбулентна врска во која често раскинуваа и се смируваа. Џастин го смири неговата сегашна сопруга Хејли, со која се ожени во 2018 година.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....