09:38 - 9 ноември, 2026

Готвачка откри што најмногу сака да јаде Здравко Чолиќ: Уживал во домашно готвени јадења

Готвачка и блогерка по име Сандра, која работела во познат белградски ресторан со традиционална кујна каде што Здравко Чолиќ бил редовен гостин, неодамна реши да сподели спомени од тоа време и да открие како легендарниот пејач се однесувал кон персоналот и што најчесто нарачувал.

Според неа, Чолиќ бил далеку од надмен гостин, а неговиот однос кон вработените ги воодушевувал сите.

„Тој беше наш редовен гостин и пред сè човек од народот, со ведар дух и секогаш насмеан. Секогаш кога доаѓаше во ресторанот, прво влегуваше во кујната за да нè почести нас што работевме таму“, раскажала Сандра.

Кога станува збор за неговите гастрономски навики, таа открива дека Чолиќ бил вистински љубител на традиционалната кујна. Често доаѓал во придружба на семејството, а понекогаш храната ја нарачувал и по телефон за подоцна само да ја подигне.

„Секогаш нарачуваше домашно готвени јадења кои тој ден беа на менито на ресторанот. Ги обожаваше домашните лепињи и пројата што јас ги подготвував“, се присетила готвачката.

Како вистински љубител на домашната кујна, Здравко не барал модерни и ексклузивни десерти, туку предност им давал на старинските слатки што се подготвуваат на овие простори.

„Бидејќи беше ресторан со национална кујна, немавме модерни колачи, но подготвувавме вистинска мрзлива пита, кремпити какви што некогаш правеа нашите баби, како и пита со ореви. Сето тоа многу го сакаше“, открила Сандра.

Слични објави

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova
Се вчитува....