22.8 C
Скопје
18:01 - 19 октомври, 2026

„Го добив името по љубовницата на татко ми“: Лепа Лукиќ ја разголе душата пред камерите

Како гостинка во поткастот „Б-13“, Лепа Лукиќ зборуваше за своето рано детство и семејство.

-Татко ми му рекол на кумот дека се викам Лепава, имаше љубовница која се викаше така, му рече на кумот дека така морам да се викам. Имаше љубовница, но ја имаше и мајка ми. Моето име е единствено, многу го сакам. Освен мајка ми и брат ми, никој не ме викаше Лепава – признава Лепа Лукиќ, чие детство воопшто не било лесно.

– Семејството на мојот татко беше сиромашно, мајка ми беше од богато семејство, но се омажи за сиромашен човек. Кога ја прашав што направила, ми рече дека бил убав. Имав две години кога почина татко ми, велат дека личам на него. Се сеќавам дека како дете ја почувствував сиромаштијата, многу ја сакав мајка ми, растев само со неа. Кога ја изгубив, таа имаше 94 години, никогаш не го преболев тоа – рече пејачката и додаде:

– Брат ми не сакаше да бидам пејачка, мислеше дека ќе се препуштам на пиење, затоа ми забрануваше. Подоцна ми рече дека ако знаел дека ќе станам ова, никогаш немаше да ми забранува. Добив шлаканици од него, а после тоа отидов на аудиција -откри Лепа Лукиќ.

Слични објави

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо
Се вчитува....