3.8 C
Скопје
03:07 - 17 ноември, 2024

(ФОТО)„БЕНИФЕР“ ХРОНОЛОГИЈА: Временски приказ на љубовта помеѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек

бен афлек

Бен Афлек и Џенифер Лопез ја раскинаа врската во 2004 година, кога ја прекинаа својата двегодишна веридба. Оттогаш поминаа 18 години, а холивудските заводници се позаљубени од што беа пред скоро две децении.

„Бенифер“ се запознаа на снимањето на филмот „Gigli“. Афлек ја запроси во ноември 2002 година, но парот ја откажа свадбената церемонија во септември 2003 година, само еден ден пред таа да се одржи. Тие раскинаа во 2004 година. Тогаш изјавија дека медиумското влијание било претешко за нив.

Instagram
фото: Архива

– Ние не сакавме да имаме јавна врска. Се случи да почнеме да се забавуваме во моментот кога настанаа таблоидите. Не знаевме за тој притисок, ниту пак претпоставуваме дека може да биде толку силен, изјави Лопез во 2016 година во интервју за „Extra“.

БЕН АФЛЕК ОТКРИ ЗОШТО ТОЈ И ЏЕЈ ЛО СЕ РАЗДЕЛИЈА ПРЕД 17 ГОДИНИ: Што е сега поразлично?

Џенифер Лопез во 2004 година се омажи за пејачот Марк Ентони, со кој доби близнаци и се разведе во 2013 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🚨Ya Cuentalo🚨 (@ya_cuentalo)

Бен Афлек во 2005 година се ожени со колешката Џенифер Гарнер, со која доби три деца. Тие двајца се разведоа во 2015 година, главно поради неговиот проблем со алкохолизмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marie Claire France (@marieclairefr)

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ПРОГОВОРИ ЗА ИНТЕРВЈУТО КОЕ ГО „ОЦРНИ“ АФЛЕК: Оваа приказна е лага!

И покрај нивната разделба Бен бил искрен во јавноста дека ја почитува Џеј ло и тогаш ја пофали улогата во „Измамничките од Волстрит“ и рече дека таа е „вистинското нешто“.

Кон крајот на април 2021 година, Афлек беше „фатен“ како ја посетува Лопез во нејзиниот дом во Беверли Хилс.

Во изминатата година тие лека-полека ја обновуваа љубовта, ги спојуваа семејствата и имотите. А сега, Бен и Џенифер-ѕвездени љубовници постојано си ги покажуваат чувствата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilaria 💕 (@jennifermyobsession3)

НАПРАВИЈА ГАФ: Џеј Ло и Бен Афлек ја освојуваат Венеција, ама…

 

Слични објави

(Видео) „Ќе бидам со тебе до крајот на мојот живот“: Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава за роденденот на Гудељ

Еспресо

Ќе се шокирате кога ќе дознаете што е Дарко Лазиќ по професија

Еспресо

(Видео) Скандалозно однесување на Теа Таировиќ: Направи драма поради осветлувањето и ги шокираше присутните

Еспресо

(Видео) Се огласи сопругата на Милан Калиниќ по разводот: „Сè е џабе…“

Еспресо

Петар Грашо по раѓањето на синот: „Мојот тест Тончи никогаш во животот не сменил сијалица, а камоли пелена“

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ ја напушта Србија, пејачката му купила стан во Западен Холивуд

Еспресо
Се вчитува....