12.8 C
Скопје
00:20 - 3 мај, 2024

(Фото) Во посета на село Глуво – изобилство на питома природа, историски приказни и добри луѓе

На југозападните предели на Скопска Црна Гора, а на 10тина километри оддалеченост од Скопје, се наоѓа едно од најстарите села во Македонија, селото Глуво. Ако до сега не сте го посетиле, сте пропуштиле многу, верувајте. Изобилство на чист воздух, со превкусна традиционална кујна и посета на знаменитости.

Во дворот на манастирот има бунар (без вода), како место во кое се фрла паричка, се врти еден  круг околу него и се замислува желба. Фото – приватна архива

Над селото можете да ги видите и „холивудските“ букви – Глувовуд, бетонски букви  идеја на Јовица Кукуновски-Кукун, кој е се грижи за светска промоција на селото. Но во село Глуво има многу други работи кои вредат да се видат и посетат.

Не пропуштајте ја можноста да отседнете во дворот на прекрасната манастирска црква „Свети Атанасиј Велики“ од 2016 година, изградена врз црквичка од 1970 година, која, пак, била изградена на темели од постара црква.

– Манастирот е изграден од народот, од сите луѓе , жители на селото, кои со свои раце и донации го возобновија овој комплекс. На самиот влез, ќе ве дочека еден уреден видиковец наречен ,, Глуво на дланка ” донација од нашинец во Австралија, несомнено ќе го забележите и едно од најголемите звона кое тежи 760 килограми. Во изградбата е уптребен природен камен, а го градеа мајстори од Пустец, Албанија – започнува Јовица.

Село Глуво треба да се посети и за време на меморијалниот турнир во мал фудбал кој го носи името, како што велат мештаните, по патронот на селото – големото фудбалско име Љубомир Рајчевски Рајче.

– И тука има една убава ситуација. Треба да ви откријам дека тука царува Божјата сила, затоа што го изградивме за 15-тина дена. Но се јави и недостиг на финансии за доисплата на мајсторите. Но Бог гледа. Тука се одржуваше турнир во фудбал и имаше 5000 посетители. Решивме да ги пратиме малите деца од селото да собираат донации. Кога се преброивме на крај видовме дека парите се собрани за целосна исплата на мајсторите. – раскажува Јовица.

Во дворот на манастирот има бунар (без вода), како место во кое се фрла паричка, се врти еден  круг околу него и се замислува желба.

– Секој прашува дали се исполнуваат желбите, јас велам ако верувате во Господ, се ќе се оствари. Се замислуваат желби за мир, спокој, здравје и бериќет. Дури и портитете од манастирот ги направивме со отворени лакови, како показател дека е  отворено за сите кои сакаат да најдат мир и спокој. Овде во воздухот се чувствува силен мир и спокој, многу тајни од минатото, за што говори и пронајдената гробница од римско доба, веднаш спрости манастирот – објаснува Јовица.

на 15 мај се слави летен Свети Атанасиј, а на 31 јануари, зимски. Во селото, пак, селска слава им  е Свети Никола. Токму и на овој светец е посветена и мала црква во селото која датира од 13ти век.

– Во црквата има евидентирано Икони и иконостаси кој се од непроценлива вредност изработени од прочуените наши зографи, како и живописување на црквите од рацете на сликарските тајфи раководени како што е во црквата „Свети Никола“ од Дичо Зограф со сочуван натпис кој се наоѓа во внатрешниот дел над влезот во црквата.

Најпосле, покрај долниот тек на Бањанската река, може да уживате во природата и во превкусната домашна храна карактеристична за ова поднебје. Веќе надалеку познато е дека во Глуво има и пицерија, Рибилимус, а мештаните тврдат дека тука се подготвува највкусната пица на Балканот, поради мајсторството на тестото.

Нека ова ви биде покана која веднаш ќе ја прифатите за да отпатувате во питомата природа и историските приказни по кои е препознатливо село Глуво.

Фото – приватна архива

(Фото) Докторка по медицина, „докторка“ и за цвеќиња: На гости кај Васка Трајкова во бајковитото село Мокрино

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....