12:52 - 27 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува значителен пораст на температурите, еве до колку степени

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, како што најавивме во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат 35 степени.

Во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за сосема ретка појава на краткотрајна нестабилност. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 35 степени – вели метео прогнозерот Попоски.

НАПОМЕНА: УВ – ИНДЕКСОТ во следните денови ќе биде ЕКСТРЕМНО ВИСОК и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето овие денови.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....