6.8 C
Скопје
05:45 - 5 февруари, 2026

(ФОТО+ВИДЕО) „СОН“ Е СПОЈ НА БАЛКАНСКА МУЗИЧКА ТРАДИЦИЈА

Видеото се снимало во напуштена куќа во Софија

Колорит на бои и на силни емоции за Балканска музичка традиција, вака се опишува соработката за новата инструментална композиција со видео запис на македонскиот  кларинетист Благојче Трајковски и гадуларката Христина Белева, како и светски познатиот хор „Вања Монева“ од Бугарија.

Фото: Приватна архива

„Сон“ е авторска творба на Благојче Трајковски со уникатен аранжман на Маестро Димитар Христов. Дел од звукот за нумерата се снимала во Бугарија од страна на Алекс Нушев, а дел во Скопје кај Дејан Момироски.

Видеото се снимало во напуштена куќа во Софија, во режија на Ханис Багашов македонски млад режисер во соработка со Владимир Трифонов и Иван Златев, а за костимографијата се погрижи дизајнерот Андреј Папаз.

– Ова е за мене еден многу важен и посебен дел во мојата кариера. „Сон“ е композиција која настана во еден здив и верувам дека и секој слушател така ќе ја доживее. Христина е уникатен инструменталист со посебна душа, хорот на чело со диригентката Вања Монева е силна музичка институција и затоа за мене е голема чест што соработуваме и создаваме вредни музички документи. Многу се радувам за сето ова што го работиме заедно со господинот Христов и срдечно му се заблагодарувам за целата енергија и професионализам. Во блиска иднина следува уште многу музика и споделување на нашите импресии и емоции, вели Благојче Трајковски.

Како и со претходната нумера „Трепет“, така и со оваа, Благојче Трајковски и Димитар Христов со својата музичка посебност и неверојатното чувство за музичкиот фолклор и традиција покажаа дека се одличен тандем во создавањето на богата и посебна музичка уметност која што многу ќе служи за понатаму.

Гадулрката христина Белева е една од најистакнатите инструменталисти на Балканот. Во нејзината професионална лична карта забележуваме многу концертни настапи насекаде низ светот, како солист и како дел од многу музички формации. Таа е дел од Оркестарот за народна музика на Бугарското Национално Радио. Хорот „Вања Монева“, под диригентската палка на Вања Монева е една исклучителна музичка формација со многу успешни проекти, настапи и концерти ширум целиот свет. Покрај концертните настапи, овој хор има многу снимен музички материјал зад себе и претставува вистинско Балканско музичко богатство.

Видеото погледнете го тука.

Слични објави

Едита шокираше со објава на социјалните мрежи: Пие пиво и им порачува на хејтерите – „Не ми држете предавања“

Е.А.

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Еспресо

„Ќе ти ги скршам сите вештачки заби“: Мина Костиќ и Каспер добиваат страшни закани

Е.А.

„Да ми палат свеќи затоа што им ги спасив браковите!“: Јована Јеремиќ откри детали од приватниот живот

Еспресо

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по породувањето

Е.А.

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Еспресо
Се вчитува....