17.8 C
Скопје
09:48 - 29 април, 2024

ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ВО КИНА: „Глава на лав“ испирирана од пејсажи

Спротивно на помислата што доаѓа кога ќе го слушнете името на јадењето, „Глава на лав“ е оброк кој се состои од големи свински ќофтиња, варени со тестенини и зеленчук, како што е зелката. Датира од времето на династијата Суи, кога царот Јанг патувал во Јангжу и ги натерал своите готвачи да подготват јадење инспирирано од пејзажите во Јангжу, кои тој ги сакал.

Ќофтињата изгледале слично на главата на Кинескиот лав чувар, па името останало до денес. Во Кина, постојат две верзии на јадењето – едната се служи во богат, кафеав сос (сорта женџијанг), а другата во полесна супа (сорта Јангжу).

Рустикално и срдечно, ова класично јадење, исто така, стана дел од кујната во Шангај кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Потребни состојки:

– 450 гр мелено свинско месо
– 3 лажици шеќер
– 1 лажичка сол
– 1 лажица саке
– 2 лажици соја сос
– 1 лажица масло од сусам
– 1 млад кромид, ситно сецкан
– 1 лажичка рендан/ситно сецкан ѓумбир
– 2 чешниња лук, ситно сецкани
– 3 големи јајца, изматени (2 ако сакате поцврсти ќофтиња)
– 1/4 чаша пченкарен скроб
– 450 гр зелка

Подготовка:

1. Комбинирајте сè, освен јајцата, скробот и зелката заедно во голем сад и мешајте енергично со раце додека не се изедначи добро.

2. Додадете скроб и измешајте со вилушка. Изматете ги јајцата и додајте, повторно мешајте за да се соединат. Смесата на почетокот ќе изгледа екстремно течна-само продолжете да мешате и јајцето постепено ќе се впие во свинското месо, создавајќи густа смеса слична на каша. Ако сакате заоблени и поцврсти ќофтиња што можете да ги обликувате со раце, користете две јајца наместо три.

3. Истурете околу 1/4 чаша масло во голема вок тава, или доволно за да го премачкате дното. Наместете ја температурата на средна и оставете го маслото неколку минути да се загрее. Со лажица за сладолед, ставајте топчиња од смесата во тавата во еден слој. Оставете да се пржат во тавата 2 до 3 минути или додека не поруменат, потоа превртете и гответе од другата страна. Откако ќофтето ќе зарумени од двете страни (не мора да биде зготвено до крај), извадете го и оставете го настрана. Најверојатно ќе треба да пржете во две серии.

4. Откако сите ќофтиња ќе заруменат, обложете го дното на големото тенџере со лисја од зелка. Ставете ги ќофтињата одозгора и намалете ја топлината на средно-ниско ниво. Покријте и оставете да се вари 30 до 40 минути, или додека лисјата на зелката не овенат и стеблата не омекнат. Послужете со ориз!

Слични објави

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо
Се вчитува....