5.8 C
Скопје
04:41 - 19 април, 2026

(Фото+видео) Јелена Томашевиќ имаше посебна улога: Пејачката го избра претставникот на Грција за Евровизија, па го објави победникот

Пејачката Јелена Томашевиќ, која ја претставуваше Србија на Евровизија во 2009 година, оваа година имаше посебна и многу важна задача. Српската пејачка беше член на меѓународното жири за избор на претставник на Грција на претстојната Евровизија.

На 70-от натпревар Песна за Евровизија, што ќе се одржи во Виена во мај, Грција ќе ја претставува пејачот Акилас со песната „Ferto“.

Акилас победил на долгоочекуваниот грчки национален натпревар „Етникос Теликос 2026“, и со тоа се квалификувал за учество на Евровизија во Виена, од 12 до 16 мај.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Akylas👾 (@akylas__)


Големото финале на „Етникос Теликос 2026“, одржано на 15 февруари, го воделе популарното трио Јоргос Капуцидис, Бети Магира и Катерина Врана. Во борбата за престижниот билет за Виена, учествувале 14 изведувачи, кои своето место го обезбедиле преку две полуфиналиња што се одржале минатата недела.

Победникот бил избран со комбинација од гласовите на стручното жири (25 отсто), меѓународното жири (25 отсто) и публиката, чии гласови носеле 50 отсто од вкупниот резултат.

Победничката песна „Ferto“, изведена од Акилас, освоила најмногу поени во сите три категории и со тоа, убедливо, му обезбедила патување во Австрија.

Акилас во моментот е трет на ранг-листата на Евровизија, веднаш зад Финска и Израел.

Млад и динамичен уметник со автентичен звук и силно сценско присуство, Акилас станал познат на пошироката јавност во 2024 година благодарение на својот хит „Atelié“, објави официјалната веб-страница на Евровизија.

Овој самоук музичар од Сер го посетувал Музичкото училиште во својот роден град и дополнително ги усовршил своите изведувачки вештини преку театарски работилници. Откако се преселил во Атина, почнал да се истакнува на социјалните мрежи благодарение на своите вирални преработки на песни на Тикток.

Пејачката Јелена Томашевиќ и претставничка на Србија на Евровизија 2009 година, годинава имала важна задача.

Таа била член на жирито и тоа на изборот за претставник на Грција.

Јелена седела во жири комисијата, и штом завршил натпреварот и бил избран претставникот, таа се огласила:

– Имав чест вечерва да бидам во меѓународното жири за грчкиот претставник на Евровизија. Прекрасно си поминав и му посакувам среќа на победникот Акилас на големата Евровизија – напишала Јелена Томашевиќ.

 

Слични објави

Која е Оливија Понтон и зошто генерацијата Зет е опседната со неа?

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.

Гламур на свадбата на Мелина Џиновиќ: „Џипси кингс“ ѝ пееја на ќерка ѝ на уво, на масата најскапо мени и олдтајмер од 330.000 евра

Т.Ц.

(Видео) Мадона се врати на „Коачела“ по 20 години: Приреди спектакл со Сабрина Карпентер и ѝ даде астро совет на публиката

Т.Ц.

Месечева диета: Водич за слабеење според месечевите мени

Т.Ц.

(Фото) Бресквица во Охрид – спортски стајлинг со луксузни детали од неколку илјади евра

Еспресо
Се вчитува....