13:37 - 7 ноември, 2026

(Фото) Убавицата Анастасија од Куманово е новата Мис Тин Галакси 2023

Викендов во Банско, Бугарија, се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери Little Miss&Mister Galaxy и Miss&Mister Teen Galaxy 2023.
Во конкуренција на тинејџерки од 15 до 18 години нашата држава ја претставуваше 17годишната Анастасија Павличек од Куманово која направи голем успех освојувајќи ја титулата во конкуренција на претставнички од целиот свет.
Анастасија е членка на Модното студио Црнокрак, кое веќе 10 години ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и кое беше поддршка на нашата Анастасија во Банско, а во жири комисијата меѓу останатите национални директорри и познати личности се најде и Светлана Црнокрак, како и малата Нина Црнокрак, како победничка на минатогодишниот избор за Мала Мис Галакси 2022 (Little Miss Galaxy 2022), во жирито составено од минатогодишните победнички.
Анастасија на финалето се претстави во модели на Луме Дизајн, специјално изработени за оваа прилика, додека малата Нина Црнокрак носеше модел на М Кутур (M Couture).

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....