23:47 - 7 ноември, 2026

(Фото) Том Брејди со контроверзна објава по веста за бременост на бившата сопруга Жизел Бундхен: „О огледало на небото, што е љубов…“

Брејди и Бундхен се разведоа пред две години, а таа сега чека бебе од друг маж.

Вчера се појави веста дека поранешната сопруга на Том Брејди, Жизел Бундхен, чека дете со нејзиниот тренер по џиу-џицу, а сега партнер, Хоаким Валенте. Брејди и Бундхен се разделија пред неколку години кога тој играше за Тампа Беј Баканиерс. Тој сега работи како аналитичар за FOX, стана малцински сопственик на Лас Вегас Рајдерс, а неговиот тим во шампионатот од серијата Е1 беше крунисан за шампион на инаугуративниот Светски шампионат Е1, првата серија на целосно електрични тркачки чамци во светот.

Брејди и Жизел беа заедно од 2009 до 2022 година и имаат две деца, Бенџамин Реин и Вивијан Лејк, на кои го делат старателството по нивниот развод. Сега двете деца ќе имаат помал брат или сестра. Официјално, Брејди не ја коментирал бременоста на Жизел, која е веќе над петиот месец бремена, а веројатно нема ни отворено да ја коментира. Сепак, тој предизвика интрига и љубопитност меѓу своите обожаватели со „приказната“ на Инстаграм во која објави видео од зајдисонце и напиша: „О огледало на небото, што е љубов? Може ли детето од моето срце да се издигне? Може ли да плови без да ги менувам плимата и осеката на океанот?“

За него е многу необично да споделува ваква содржина на социјалните мрежи, а тоа се случи одсобено вчера, по објавувањето на веста за бременоста на екс-сопругата. Според Стиви Никс, авторот на песната (со чии зборови се послужи Брејди), песната е за прифаќање и соочување со промените и неизвесностите кои доаѓаат со животот, љубовта и следењето на нашите соништа.

„Моето големо момче Брејди се чувствува очајно; ајде да видиме како ќе оди во недела на големиот натпревар помеѓу Грин Беј Пекерс и Детроит Лајонс“ – гласи еден од коментарите на корисниците на твитер, додека друг корисник го советува – „Еј душо, треба да пробаш џиу-џицу“.

Според извори блиски до супермоделката, Бундхен сакала да се погрижи Брејди и нивните две деца да дознаат за нејзината бременост во личен амбиент, наместо преку наслови или текстови во таблоидите. Очигледно таа директно му кажала на својот поранешен сопруг да избегне какви било недоразбирања, особено поради славата што ги следи и двајцата.

Аница Лазиќ отворено за љубовта со Лазар Ристовски: „Се запознавме без посредник, Господ нѐ спои“

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....