8.8 C
Скопје
00:13 - 20 октомври, 2026

(Фото) Шерон Стоун „уловена“ во Рим со својот 18-годишен син: Ѕвездата повторно блесна!

66-годишната холивудска актерка Шерон Стоун отпатува во Рим (Италија) и беше забележана на улиците на градот како го држи за рака својот среден син, 18-годишниот Лерд Вон. Заедно вечерале во ресторанот Дал Болоњезе, а на пат кон хотелот биле „уловени“ од папараците, пишува Дејли Меил.

Актерката носеше лелеав фустан од шифон, со макси должина со жолт и портокалов принт. Очите буквално ѝ светнаа во мигот на фотографирањето, а тоа јасно се гледа задголемите розови очила. Носеше и носеше букет црвени рози.

Нејзиниот син, кој неодамна заврши средно училиште, се одлучи за целосно бела модна комбинација составена од кошула, панталони и патики.

Шерон го посвои Лерд во мај 2005 година.

„Со години се обидував да посвојам второ дете, со различни степени на успех, па не верував целосно во тоа додека тој не беше во моите раце“, призна таа подоцна. Покрај Лерд, таа има уште две посвоени деца – 24-годишниот Роан и 17-годишниот Квин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Првиот син, Роан Стоун, таа го посвои заедно со нејзиниот тогашен сопруг Фил Бронштајн, но парот се разведе по шест години брак во 2004 година, кога момчето имаше четири години.

Другите два сина глумицата ги посвои сама и до денес сама ги одгледува.

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....