04:36 - 31 јули, 2026

(Фото) Шерон Стоун блесна во сако на голо тело: Кој би ѝ дал 65 години?!

Американската актерка Шерон Стоун, позната по улогата во филмот Основен инстинкт, позираше за дигиталната насловна страница на Ел Шпанија.

Фотографиите се појавија на Инстаграм профилот на Ел.

инстаграм

65-годишната Шерон Стоун е хероина на најновото издание на шпанската верзија на магазинот Elle. Таа му позираше на фотографот Мајкл Мулер во снежно бел костум од Скиапарели, составен од сако и панталони.

Актерката носеше сако на голо тело и го надополни изгледот со златни сандали и модни додатоци – обетки, масивен ѓердан и брош.

Неодамна, одекна веста дека Шерон Стоун заработила 13,5 милиони долари помалку од Мајкл Даглас во легендарниот филм „Основен инстинкт“. Според Стоун, таа добила 500.000 долари, додека Даглас добил 14 милиони долари, бидејќи таа била „нова“, а тој „многу голема ѕвезда“.

Стоун додаде дека за време на снимањето се соочила со непочитување од страна на еден од продуцентите на филмот, Пол Верховен, кој по грешка ја нарекол Карен наместо Шерон. „Дури и на забавата по Оскарите тој сè уште ме викаше „Карен“! – сподели неодамна глумицата.

Слични објави

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova
Се вчитува....