07:17 - 28 ноември, 2026

(Фото) Шакира позира со постариот син: Неверојатно личи на Пике

46-годишната колумбиска пејачка Шакира го покажа својот израснат син. Сценската ѕвезда сподели фотографија со наследникот Милан на нејзиниот Инстаграм профил со речиси 90 милиони претплатници.

„За среќа ова студио има лежалка и многу пријатни гости! – напиша пејачката.

инстаграм

На фотографиите, поранешната девојка на шпанскиот фудбалер Жерар Пике (36) се појави во беж топ и широки панталони. Пејачката носеше бели патики со висока платформа. Изгледот за фотосесијата беше комплетиран со масивни очила за сонце, тексас јакна и сребрен накит.

На една од фотографиите се појави постариот син на Шакира добиен од љубовта со поранешниот партнер Пике, 9-годишниот Милан. Момчето позираше облечено во маица со натпис „Тупак“ и фотографија од американскиот рапер, кој беше убиен во 1996 година.

Покрај Милан, поранешната двојка го има и синот Саша, кој има 7 години.

„Леле, каква убава фотографија со Милан“, „Милан секој ден станува се поголем, толку брзо расте“, „Милан во маичка со Тупак е најнеобичното и најкул нешто што сум го видел денес“, „Бескрајно убава“, коментираат фановите на пејачката на најнова фотосесија.

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....