13.8 C
Скопје
16:59 - 17 октомври, 2026

(ФОТО) Селена Гомез каква што никогаш не сте ја виделе! Успешна верзија на Мерилин Монро

Селена Гомез ќе го краси следното издание на списанието „Ел“ (Elle), септемвриското, а за таа прилика позираше како модерна Мерилин Монро.

Селена Гомез ја игра улогата на модерна Мерилин Монро за насловната страница на американското издание на Elle. Во фотосесијата за изданието (септември 2021), ѕвездата зрачи со ретро холивудски гламур: косата ѝ е руса и средена во стилот на Мерлинка како и безвременскиот црвен кармин.

29-годишната пејачка позираше на кревет за реализирање на пикантна фотосесија, со мрежести чорапи, розово твид здолниште и ремен од Шанел; а за да се додаде модерен допир во комбинација тука е чокер ѓерданот, црната маичка со принт и чевлите од Џузепе Ѕаноти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELLE Magazine (@elleusa)

Во интервјуто, таа зборува за својата нова улога и објаснува дека ја миела устата со средство за дезинфекција на уста после секоја сцена со бакнување во согласност со здравствените прописи за Ковид за време на снимањето:

„Устата ми гореше“, открива таа, „си помислив:„ Сакам да ја откорнам“. Никогаш не сум доживеала такво снимање“.

Пејачката и актерка, исто така, го искажа и своето искуство со социјалните мрежи зборувајќи за одлуката да ја избрише апликацијата Инстаграм од нејзиниот мобилен телефон:

„Поминав години од мојот живот обидувајќи се да изгледам како другите “, откри таа додавајќи дека за неа тоа било олеснување – да нема веќе „мал телефон во кој беа сместени 150 милиони луѓе“.

Во продолжение погледнете дел од фотосесијата за „Ел“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Слични објави

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.
Се вчитува....