12:48 - 7 ноември, 2026

Кајли Џенер е бремена? Се чека официјално соопштение

Американскиот печат е сигурен: Кајли Џенер, најмладата од смејството Кардашијан, претприемачка, инфлуенсерка, креаторка на трендови и скандали, го очекува второто дете од раперот Тревис Скот. Сторми, нивната прва ќерка, би станала постара сестра на само три и пол години.

Првата бременост на Кајли, кога имаше само 24 години, беше целосно скриена од јавноста. Кајли исчезна од социјалните мрежи со месеци и, додека шпекулациите беснееја, никој во нејзиното семејство, меѓу нејзините пријатели или меѓу пријателите на нејзиниот партнер, не кажа ништо. Веста се покажа точна откога се беше готово, со нежно видео кое ги документираше деветте месеци и раѓањето на бебето.

Сега, не се знае како Кајли Џенер ќе постапи во врска со бременоста и јавноста. Впрочем, комуникацијата со јавноста за вестите за себе и нејзиното  семејство прават голем дел од нејзината работа и промоција. Во моментов, на нејзиниот профил на Инстаграм гледаме само објави што најавуваат лансирање на линија костими за капење.

instagram

Што се однесува до врската со Тревис Скот, се чини дека работите меѓу нив се одвиваат на многу мистериозен начин. Во неколку наврати, во последните три години јавноста знаеше малку или ништо за нивната врска,  но по мрачниот период и тензиите меѓу нив,  изгледа дека смиреноста се вратиле. Дали ова помирување се должи на создавањето нов живот?

 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....