22.8 C
Скопје
13:48 - 19 октомври, 2026

(Фото) Роденденска торта, мини-концерт и специјална видео-честитка: Пејачката Марија Спасовска наполни 18. години!

Во светот на возрасните вчера зачекори младата музичка ѕвезда Марија Спасовска и официјално стана полнолетна.

По тој повод таа организраше голема голема роденденска забава во еден од најпознатите хотели во нашата метропола, на која присуствуваа голем број нејзини пријатели, соработници и роднини.

Забавата почна нешто пред 21 часот и траеше до еден час по полноќ.  Многубројните гости покрај диџејот, ги забавуваше и токму Марија, која настапи со својот бенд и одржа мини-концерт, пеејќи ги нејзините песни, но и песните на нејзините повозрасни колеги.

Некаде на средина од забавата, за Марија пристигна и специјално изненадување, за кое „виновни“ беа момците од нејзиниот бенд.

Имено, на големиот проектор се појави видео-честитка од омилената пејачка на Марија, поп-дивата Калиопи Букле која и испрати искрени желби по повод нејзиниот роденден.

„Драга Марија, среќен ти роденден од срце. Блескај така како што само твоето срце умее да сака и токму така биди и наградена од страна на животот. Полнолетството е нешто прекрасно, преубаво. Ти посакувам само најубави и најискрени желби за се она што те очекува како авантура на патот наречен живот. Те сака Калиопи“ – беа зборовите на нашата дива.

Помеѓу гостите на роденденот беше и еден од најпознатите композитори на овие простори, Дарко Димитров во друштво на неговата сопруга.

„Јас си поминав прекрасно на роденденот, а се надевам дека одлично поминале и гостите. Добив многу подароци и сите до еден ми се допаѓаат, им благодарам многу. Инаку ме очекуваат многу обврски периодов, искрена да бидам не знам како ќе постигнам, но не се жалам, уживам во се што ми се случува на професионално поле“ – изјави младата и сега возрасна пејачка.

Инаку овој период за Марија е буквално „турбо“. Таа во понеделник започнува со снимање на нејзиниот најнов видеоспот за песната со која ќе настапи на овогодишниот „Макфест“ во Штип, а таа е и дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“, со кој настапуваат низ повеќето градови во нашата земја.

Слични објави

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо
Се вчитува....