22:47 - 27 ноември, 2026

(Фото) Позната старлета се отараси од уште едно куче зашто не е веќе слатко за Инстаграм: Претходните седум кучиња ѝ завршија трагично!

Британски The Sun откри дека старлетата Кејти Прајс (45) повеќе не е сопственичка на кучето Тенк, кое го вдомила минатата година. Германскиот овчар беше нејзиното седмо милениче, кое живееше со неа во Западен Сасекс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)

– Кејти го доби Џук само пред неколку месеци, но му го даде на својот електричар. „Таа сака да има кученца кои изгледаат слатко на Инстаграм, но кога ќе почнат да растат и таа мора да ги тренира, губи интерес за нив“, рекол извор близок на старлетата. Нејзиниот претставник не ги коментираше тврдењата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)

Во септември 2021 година, таа му го подари кучето по име Прешус на член на актерската екипа на нејзината ТВ-серија „Mucky Mansion“. Минатото лето беше видена како го гали своето ново куче Тенк, кое сега ја доживеа судбината на претходните миленици.

Во тоа време, официјалната петиција да ѝ се забрани да чува миленичиња имаше 35.712 потписи. Петицијата беше покрената во август минатата година, кога ПЕТА остро ја осуди Кејти за негрижа за миленикот по трагедијата во која нејзиното куче Блејд почина откако беше удрено од автомобил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)

Тоа се случило само седум месеци откако уште едно од кучињата на Кејти, Шерон, било прегазено на истата улица.

Една година претходно, доставувач го удрил и усмртил нејзиното куче Квин, кое нејзиниот поранешен партнер, Киеран Хејлер, ѝ го подарил за нејзиниот 38-ми роденден. Во 2020 година, друго куче, по име Спаркл, било удрено од автомобил откако истрчало на улица. Неколку месеци подоцна францускиот булдог Роло се задушил, згмечен под мебел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)

Кејти дали уште едно куче на вдомување со изговор дека е агресивно кон луѓе.

 

Слични објави

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо
Се вчитува....