34.8 C
Скопје
15:19 - 10 септември, 2026

(Фото) По ова нешто е уникатен сопругот на Билјана Дебарлиева, таа е горда на него

Билјана Дебарлиева, нашата позната новинарка и Тв презентерка сака книги и убави патувања. Таа е мајка на две големи деца, Ана и Мики, и вљубена е во својот сопруг Јован. Дебарлиева по професија е правник. Но, правото го замени со телевизискиот екран. Почна случајно, а остана нејзин професионален избор.

Билјана во една приика рече дека сама никогаш не би се охрабрила да направи некои работи, но, за среќа, до неа е секогаш сопругот Јован, кој е доволно упорен и не попушта, па таа се соглаласува да се впушти во адреналинска авантура со него.

-Во мојата долгогодишна водителска кариера сум обработувала теми од најразлични области и сфери на животот и секојдневието.

Но, некако посебно се пронајдов во темите поврзани со здравјето, проблематика што долги години во континуитет ја обработуваме заедно со лекарите, упатувајќи на тој начин порака и совет до гледачите за секој здравствен проблем, за важноста на превенцијата и подигнување на свеста дека здравјето секогаш треба да ни биде на прво место“, рече во една прилика Дебарлиева за „Еспресо“.

За сопругот на Билјана се знае дека се запознале во нејзиниот роден град Охрид и дека наскоро ќе прослават 30 години брак. Она што е помалку познато дека е тој е хуман човек и се грижи за бездомните животни. На својот Фејсбук профил, Јован Дебарлиев ја означи Билјана и го сподели следново:

Јас со Џеки, Џеки Малиот, Зага, Тор и уште двајца безименковци. ми ја топлат душата… Пред 7 години јас и волку кучиња, нема шанса, би се кладел во многу пари .ДЕНОТ НА КУЧЕТО“, напиша Дебарлиев.

Фото/ Фејсбук

А, има уште една фотографија која Билјана неодамна ја сподели од летен одмор, а на неа, Јован се капе со нивниот миленик.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

(Фото) Вељко ја покажа Богдана без шминка и филтер: Во сино бикини блесна на Кипар, а тој ги покажа мускулите

Еспресо

(Фото) Дора, сестрата на Тоше Проески, сподели ретка семејна приказна со синовите Кристијан и Никола

Еспресо

Лепа Брена откри какви автомобили има: „Еден ми е само за на пазар“

Еспресо

Мартин Вучиќ по долго време се појави во јавноста со приватна приказна

Еспресо

Експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате ако имате низок притисок

Еспресо

Порасна синот на Весна Петрушевска – се огласи Кирил по шест години живот во Америка

Еспресо
Се вчитува....