21:21 - 4 ноември, 2026

(Фото) По долго време, Тамара Тодевска објави необична приказна за нејзиниот Лука

По долго време, Тамара Тодевска објави фотогафија од своето момче Лука Радовиќ, од кој некое време пејачката нема споделено ништо.

Фотографијата е необична и оригинална, од заеднички „бранч“ (ручек), а со нив е нејзината ќерка Хана. Неодамна, Тмара Тодевска откри дали е сѐ уште во врска со архитектот Лука Радовиќ откако фановите се загрижија и ѝ поставија прашање на нејзиниот инстаграм-профил.

Фото / Инстаграм

– Зошто не го гледаме партнерот во последно време, преубав пар сте ми – прашаа фановите во еден коментар, а на ова Тамара одговори:

– Тука е Лука, не смее да мрдне. Ми го урочивте, затоа не го гледате – напиша пејачката.

– Спонтаноста, едноставноста, позитивната енергија се секогаш особините што ме привлекувале… Лука е многу внимателен и посветен. Оттука, јасно е зошто добро функционираме.

Немам проблем да покажам кога сум вљубена и кога некого сакам безусловно. Тоа колку е добро, толку е и лошо. Затоа што на „тацна“ ставам дел од мојата приватност, од мојата интима, но тоа сум јас – рече Тамара во едно интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.
Се вчитува....