16.8 C
Скопје
20:22 - 30 септември, 2026

(Фото) Пике ѝ одговори на Шакира за „би можела да го убијам бившиот“: Одговорот боли!

Во последните неколку месеци како да нема што друго да се зборува меѓу обожавателите на трачеви – освен за тријаголникот Пике, Шакира и Клара Чиа.

Земјотресот што го предизвика раскинувањето на Жерар Пике и Шакира и новата врска која екс-фудбалерот на Барселона ја започна со младата моделка Клара Чиа доминираше насекаде.

По цунамито што следеше, предизвикано од навредливата песна на Шакира посветена на новиот пар, а која веднаш стана светски хит, Пике и Клара Чиа ја официјализираа својата врска во јавноста, додека Шакира продолжи да испраќа пикадо стели кон Пике, како што се случи на Денот на вљубените.

На 14 февруари, јужноамериканската уметница објави видео во кое ја пее песната „Може да го убијам бившиот“.

Но, се чини дека Пике воопшто не е засегнат од однесувањето на неговата поранешна партнерка бидејќи ја покажува својата љубов со Клара Чиа каде и да оди. И тоа е најстрашниот одговор за Шакира, од една страна игнорацијата, а од друга отворената љубов во јавноста.

Речиси веднаш по пораката на Шакира за Денот на вљубените, Пике и Клара Чиа повторно беа видени заедно во јавност на натпревар на ФК Андора. Како да беа претпоени во едно тело, и двајцата од една од ложата на стадионот детално следеа што се случуваше за време на натпреварот. И додека разговараа и го следеа натпреварот на Андора против Бадалона, на кој фаворитите на поранешниот играч на Барселона победија со 1-0, не се двоумеа да се бакнат повеќе пати и да покажат колку добро им оди врската.

принтскрин

Слични објави

(Фото+видео) Таа е единствената Србинка која присуствуваше на Ем-ти-ви наградите: Рамо до рамо со Мадона

Еспресо

Објавени жестоките закани на Ана Николиќ: На колешка ѝ порача дека ќе ја ишиша, на друга дека ќе ѝ го отсече јазикот, а нему дека ќе го спакува во кесички

Еспресо

(Фото) Жељко Бебек се пофали со успехот на ќерката Катарина: „Нашите срца се полни со гордост и среќа“

Еспресо

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо

„Имам 52 години, приказната е завршена“: Гоца Тржан се откажа од борбата за второ дете

Е.А.

Гога Секулиќ откри што знае за помладиот избраник на Карлеуша: „Прекрасно момче е“

Еспресо
Се вчитува....