8.8 C
Скопје
07:15 - 18 октомври, 2026

(Фото) Пике и Клара Чиа избркани од ресторан во Барселона: Сопственикот бил обожавател на Шакира

Откако се дозна дека Жерар Пике е романтично поврзан со Клара Чиа, и двајцата се во центарот на вниманието на медиумите. Прво медиумите пишуваа за неверството на Пике кон Шакира, потоа се пишуваше за тоа како се запознале младата Чиа и фудбалерот, па следуваше јавно покажување на љубовта. Но, потоа дојде песната на Шакира со Бизарап, која ги врати двајцата во центарот на вниманието.

И токму кога се чинеше дека водите се смирија, Пике и Клара Чиа повторно се актуелни. Очигледно е многу комплицирано природно да уживаат во својата врска.

На ТикТок е поставено видео кое бргу стана вирално во кое поранешниот фудбалер и неговата девојка наводно биле исфрлени од јапонски ресторан во Барселона.

А најшокантна е причината: сопственикот на ресторанот бил голем обожавател на Шакира и кога парот влегле во ресторанот, келнерот одбил да ги послужи.

Според гласините Клара Чиа била многу вознемирена кога го напуштила ресторанот. На видеото можете само да ги видите како двајцата влегуваат во автомобилот а некои корисници тврдат дека причината за протерувањето било тоа што сопственикот бил обожавател на колумбиската пејачка.

На видеото, навистина се гледа дека Клара е вознемирена пред да влезе во автомобилот и тоа ѝ даде слобода на оваа верзија да биде прифатена меѓу обожавателите на Шакире. Пике пак е цело време зад неа, а потоа се раздвојуваат за да влезат во автомобилот. На видеото е напишан текстот: „Клара Чиа и Пике излегоа да јадат во ресторан, а сопственикот е обожавател на Шакира и лично истрча кон Клара Чиа Марти“.

 

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....