9.8 C
Скопје
22:59 - 27 април, 2024

(Фото) Пет факти за Хелен Мерсие, сопругата на најбогатиот човек на светот Бернар Арно: Врвна пијанистка со дипломи од најпрестижните светски универзитети

Бернар Арно е прогласен за најбогат човек во светот за 2022 година. Францускиот бизнисмен зад себе го остави досегашниот најбогат човек – Илон Маск. Но додека за приватниот живот на Маск јавноста постојано е информирана, малку е пишувано за приватниот живот на Арно, а уште помалку е познато дека е во брак со исклучителна уметница – пијанистката Хелен Мерсие.

Која е Хелен?

Хелен Мерсие е светски позната концертна пијанистка со потекло од Канада, која е во брак со францускиот бизнисмен, милијардер Бернар Арно од 1991 година. Двојката заедо има три деца.

Арно е претседател и извршен директор на модната компанија LVMH (Луј Витон е само дел од компанијата). Компанијата забележа значително зголемување на вредноста во ноември 2019 година, откако објави дека ја купува компанијата за накит Tiffany & Co. за повеќе од 16 милијарди долари. Аквизицијата, исто така, предизвика личната нето вредност на Арно да се зголеми на речиси 108 милијарди долари. Така, според листата на милијардери во реално време на Форбс, Арно со своето богатство ги надмина и Бил Гејтс и Џеф Безос како најбогат човек на светот.

Хелен Мерсие е родена во Монтреал (1960), но отпатувала во САД и Франција за да студира пијано.

Таа покажала голем талент за клавир уште од мали нозе. Според AllMusic.com, Мерсиер започнала да студира на музичкото училиште Винсент д’Инди кога имала само шест години. Тоа е приватен музички колеџ во Монтреал, Квебек, именуван по францускиот композитор Пол Мари Теодор Винсент д’Инди. Како дете, ги освоила сите најважни награди на музичките натпревари во Квебек и Канада и на меѓународниот натпревар за камерна музика во Прага,. Потоа, Мерсие студирала и на Музичката академија во Виена, на Џулиард во Њујорк и на Парискиот конзерваториум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Françoise Dumas (@francoise.dumas)

Бернард Арно и Мерсие првпат се преставија на јавноста како пар во есента 1989 година. Се запознале на почетокот на истата година, односно заедно ја прославиле новогодишната ноќ. Според прилогот од 2009 година во Wall Street Journal, Мерсиер го замолила Арно да отсвири нешто на клавир откако отишле кај него дома на чај. Мерсиер потсети дека на Арно „рацете му трепереле, тој умирал од страв, но бил решен да стигне до крајот“.

Тие се венчале во Франција осум месеци по тој новогодишен ден. На церемонијата имало само пет лица, Арно носел бели фармерки, а Мерсие бел костим „Лакроа“.

Мерсие ги научила нејзините три сина да свират пијано, но никој не продолжил со музичка кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Greg Carlson (@greg_skates)

Нивниот најстар син Александре е претседател и главен извршен директор на компанија за куфери Римова. Компанијата е дел од луксузната групација LVMH од 2016 година, кога Александар го убедил поранешниот извршен директор да продаде 80 отсто од акциите во бизнисот на компанијата на Бернард Арно.

Нивниот втор син, Фредерик Арно, се приклучил на семејниот бизнис во 2018 година. Тој стана стратешки и дигитален директор на брендот за часовници TAG Heuer.

Третиот син, Жан Арно, има околу 20 години и се уште не е дел од компанијата.

Тројцата браќа имаат и полубрат и сестра, најстарите две деца на Арно, Антоан и Делфин, од бракот со неговата прва сопруга Ен Деваврин.

Хелен Мерсие и Бернар Арно се најдоа на насловните страници за нивните големи добротворни придонеси во 2019 година. Семејството вети 222 милиони долари за да помогне во обновувањето на катедралата Нотр Дам во Париз по разорниот пожар што избувна на 15 април 2019 година.
Во август 2019 година, тие ветија уште 11 милиони долари за да помогнат во борбата против шумските пожари во Амазон. Придонесот беше дел од иницијативата спонзорирана од Г7.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erato France (@eratofrance)

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо
Се вчитува....