00:26 - 29 ноември, 2026

(Фото) Оваа убавица е новата Мис Москва: Волшебна фигура со пропорции 92–60–90

Титулата „Мис Москва – 2023“ ја освои Анџелина Бреженскаја, која во битката за круната победи 33 ривалки од различни градови на земјата. Нејзините пропорции на тело се : 92–60–90 сантиметри, а висока е 171 сантиметар. Во октомври, убавицата ќе настапи на натпреварот за убавина на Русија, што ќе се одржи во Сочи.

Познато е дека Анџелина се школувала на Руската академија за национална економија, ја освоила номинацијата за избор на мис на публиката на натпреварот за убавина во Саратов и била водителка на ТВ каналите Music Box и Friday.

Љубопитните веднаш почнаа внимателно да го анализираат изгледот на новата „Мис Москва“ и да се сомневаат во пластични интервенции. Велат дека некогаш Бреженскаја изгледала поинаку, имала полни образи, нежни црти и различна форма на носот. Сега таа привлекува внимание со спектакуларното тело, совршени црти на лицето, истакнати јаболчици и грациозни облини.

Како и да е, ќе с согласите дека е преубава.

По студирањето економија, девојката студирала и на Факултетот за новинарство на Московскиот државен универзитет – отсек телевизско новинарство.

Од 16-годишна возраст станала модел, блескаше на модните писти на различни славни модни креатори, учествувала и во снимање за различни реклами на руски модни дизајнери. Бреженскаја сака спорт и постојано оди на фитнес, таа е заинтересирана и за психологија.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....